Mobile menu

Бесплатни интернет страници за сите судски преведувачи во Македонија!!!
Thread poster: Ivan_PM
Ivan_PM
Macedonia (FYROM)
Local time: 07:11
Mar 12, 2009

Почитувани,

Ви се обраќам како претставник на Здружението на Граѓани „Правосудна Мрежа„ од Скопје, ние сме проект на ЕУ и изработуваме најголема база на податоци на интернет за целото правосудство во Република Македонија. Во склоп на оваа база на податоци која вклучува информации за сите судови, судски работници, судска администрација, судски вештаци, нотари итн. во тек е проектот за СУДСКИ ПРЕВЕДУВАЧИ. Изработуваме веб страници за судски преведувачи со search engine кој ќе овозможи пребарување на судските преведувачи по тоа во кој суд се регистрирани, на кој јазици вршат преводи, место на живеење и азбучно пребарување. Целата оваа изработка е БЕСПЛАТНА само што треба да направите е да го превземете формуларот од нашиот веб сајт www.pravosudna-mreza.org.mk или да се јавите во нашата канцеларијата ние ќе ви го пратиме, да го пополните и да ни го пратите по мејл, пошта или факс како ви одговара. Целта на проектот е да се создаде јавен сервис кој ќе служи за лесен пристап до информации за правосудството на ѓраганите на Република Македонија.

со почит

Иван Брешковски

тел: 02/ 3214 902
факс: 3214 903

e-mail: ivan.breskovski@pravosudna-mreza.org.mk

www.pravosudna-mreza.org.mk


Direct link Reply with quote
 

Sherefedin MUSTAFA
Netherlands
Local time: 07:11
Member
English to Macedonian
+ ...
Корисна информација Mar 13, 2009

Почитуван г-дин Брешковски,

Најпрвин би сакал да ве поздравам и да ви посакам добредојде на овој форум.

Сакам да ви се заблагодарам за објавената информација во врска со постоењето и содржината на правосудната мрежа. Мислам дека овие информации се од корист за голем број на членови на ProZ.com кои ги следат дискусиите кои се водат на македонскиот форум и активно учествуваат во нив.

Поздрав,
Шерефедин

[Edited at 2009-03-14 14:44 GMT]


Direct link Reply with quote
 
Ivan_PM
Macedonia (FYROM)
Local time: 07:11
TOPIC STARTER
супер!!! Mar 17, 2009

Почитуван Г-дин Мустафа,

Многу ви благодарам за срдечноста, вашата веб страница е изработена, искористете ги методите на пребарување за да ја видите:), исто така може да се закачи и слика на профилот, CV, препораки итн.

поздрав

Иван


Direct link Reply with quote
 
Gordana Petrovska
Macedonia (FYROM)
Local time: 07:11
Member (2011)
English to Macedonian
+ ...
Дали уште функционира правосудна мрежа? Feb 15, 2015

Видов дека линковите до страната не функционираат, па ме интересира дали воопшто постои уште правосудна мрежа?

Поздрав,
Гордана


Direct link Reply with quote
 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Čkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Бесплатни интернет страници за сите судски преведувачи во Македонија!!!

Advanced search






Anycount & Translation Office 3000
Translation Office 3000

Translation Office 3000 is an advanced accounting tool for freelance translators and small agencies. TO3000 easily and seamlessly integrates with the business life of professional freelance translators.

More info »
WordFinder
The words you want Anywhere, Anytime

WordFinder is the market's fastest and easiest way of finding the right word, term, translation or synonym in one or more dictionaries. In our assortment you can choose among more than 120 dictionaries in 15 languages from leading publishers.

More info »



All of ProZ.com
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs