Македонски здруженија на преведувачи
Thread poster: Sherefedin MUSTAFA

Sherefedin MUSTAFA
Netherlands
Local time: 12:59
Member
English to Macedonian
+ ...
Aug 16, 2007

Ги молам сите ценети колеги кои работат со македонски јазик да ми јават кои здруженија на преведувачи постојат во Република Македонија и кои се нивните физички и интернет адреси.

Знам дека порано постоеја н.пр.
Здружението на технички преведувачи, и
Здружението на литературни преведувачи.

Кои здруженија постојат сега?

Благодарам за ценетите реакции.

Поздрав,

Шерефедин Мустафа


Direct link Reply with quote
 

Biljana Vasileva Bojcev  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 12:59
English to Macedonian
+ ...
Една адреса Aug 16, 2007

Почитуван колега,

Многу бев (пријатно) изненадена кога ја прочитав вашата молба и, бидејќи не сум член на ниту едно вакво здружение или друштво, Вашето прашање навистина побуди голем интерес кај мене, па почнав по малку да пребарувам на Интернет.

Ова е единствената адреса што (засега) успеав да ја пронајдам, но се надевам дека јас или некој друг ќе дојде до повеќе информации.

http://www.nubsk.edu.mk/dnsps.html
ДРУШТВО НА НАУЧНИ И СТРУЧНИ ПРЕВЕДУВАЧИ НА ГРАД СКОПЈЕ - ДНСПС
e-maildnspsbp@mol.com.mk

Поздрав

Билјана Василева Бојчев


Direct link Reply with quote
 

Sherefedin MUSTAFA
Netherlands
Local time: 12:59
Member
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
Благодарам Aug 17, 2007

Ви благодарам Билјана на Вашата реакција и за корисната информација која ми ја давате.
Се надевам дека други колеги кои што работат со Македонски јазик се упатени или зачленети во некоја друга организација на преведувачи во Република Македонија.

Ова, инаку, мислам дека е најдобар начин меѓу себа да разменуваме информации кои можат да бидат од корист за сите нас.

Доколку не постои една сеопшта, професионално организирана организација на преведувачи, можеби е време таква една организација да се оснива. Мислам дека многумина колеги, кои работат во странство, би биле заинтересирани да станат членови на таква една организација.

Во очекување на нови реакции, ги поздравувам сите колеги, каде и да се, кои се служат и работат со јазички комбинации во кои е вклучен македонскиот јазик.

Шерефедин МУСТАФА


Direct link Reply with quote
 

Gabriela Nikolova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 12:59
Member (2005)
English to Macedonian
+ ...
Прекрасна идеја Aug 17, 2007

Почитувани колеги,

Морам да признаам дека бев пријатно изненадена од Вашата дискусија и се потрудив и јас исто така да побарам на интернет некоја информација, меѓутоа не можев да пронајдам ниту едно здружение на македонски преведувачи во Република Македонија. Пребарувачот гугл ми исфрли здружение на книжевни преведувачи и здружение на литературни преведувачи, но без никакви основни податоци за контакт. Можеби некој од ценетите колеги преведувачи на македонски јазик ќе може да ни даде информација за некоја асоцијација или здружение на македонски преведувачи. Во секој случај, Вашата идеја е за поздравување, и ова е навистина прекрасен начин за да комуницираме помеѓу себе и разменуваме информации.
Голем поздрав до сите колеги преведувачи на македонски јазик!

Габриела


Direct link Reply with quote
 

Marina Marinova
Switzerland
Local time: 12:59
English to Macedonian
+ ...
информација Sep 12, 2007

Здраво на сите,

иако со мало задоцнување поради годишните одмори и мојата неукост за користење на форумите со задоволство ви ги доставувам следните информации што ги барате.

Според моето знаење во Македонија постојат две друштва на преведувачи.

1. Друштво на научни и стручни преведувачи (ДНСПС) каде членувам јас и сум секретар.

тел. 02 323 8774 и email: translators@mt.net.mk

2. Сојуз на литературните преведувачи на Македонија

за нив жалам не можев да најдам никакви податоци, но со сигурност знам дека одржуваат меѓународни средби на преведувачи и дека се членки на ФИТ.

Се надевам дека информациите ќе ви се од помош.

Пријатен ден, Марина


Direct link Reply with quote
 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Čkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Македонски здруженија на преведувачи

Advanced search






BaccS – Business Accounting Software
Modern desktop project management for freelance translators

BaccS makes it easy for translators to manage their projects, schedule tasks, create invoices, and view highly customizable reports. User-friendly, ProZ.com integration, community-driven development – a few reasons BaccS is trusted by translators!

More info »
PerfectIt consistency checker
Faster Checking, Greater Accuracy

PerfectIt helps deliver error-free documents. It improves consistency, ensures quality and helps to enforce style guides. It’s a powerful tool for pro users, and comes with the assurance of a 30-day money back guarantee.

More info »



All of ProZ.com
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs