Mobile menu

Прашања и прашања
Thread poster: Sherefedin MUSTAFA

Sherefedin MUSTAFA
Netherlands
Local time: 11:48
Member
English to Macedonian
+ ...
Jan 8, 2008

Почитувани колеги,

Верувам дека сите сте сведоци на огромниот број кудоз прашања кои во последно време се објавуваат на проз во јазичната комбинација македонски - англиски.

Тоа по себе е добар знак, во смисла дека се работат преводи.
Необична е само природата и содржината на прашањата кои понекогаш се однесуваат на толку едноставни изрази, зборови и сложенки што секој еден кој се смета за преведувач би требало да ги знае.

Кудоз прашањата имаат за цел преведувачи - професионалци да разменуваат мислења, искуства, да се консултираат за јазични загатки со кои, во нашата работа секојдневно се соочуваме. Тоа е сосема во ред. Токму затоа и се сметаме за колеги и треба да бидеме од една страна слободни, искрени и отворени кога имаме потреба за помош од другите.

Од друга страна треба да се помисли и на професионалната етика и да не се злоупотребува солидарноста на другите ако тоа навистина не е неопходно.

Ви пожелувам многу преводи и пријатен ден.

Шерефедин


Direct link Reply with quote
 

Biljana Vasileva Bojcev  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 11:48
English to Macedonian
+ ...
Кудоз мрежа Jan 8, 2008

Шерефедине, потполно се согласувам во врска со типовите на прашања кои во последно време се појавуваат на Проз во јазичниот пар МК- ЕН, и целосно го поддржувам апелот за незлоупотребување на помошта која широкоградо ја даваат преведувачите - професионалци!

Сите ние (треба да) знаеме што претставува Проз и која е намената на Кудоз мрежата, а новозачленетите (или неупатените) би требало да го посетат следниот линк http://www.proz.com/?sp=about/kudoz и да научат како тоа (треба да) функционира.

Се надевам дека останатите преведувачи-професионалци ќе се согласат и ќе не поддржат во овој апел.

Поздрав,
Билјана


Direct link Reply with quote
 

Gabriela Nikolova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 11:48
Member (2005)
English to Macedonian
+ ...
До кога? Jan 8, 2008

Sherefedin MUSTAFA wrote:


Кудоз прашањата имаат за цел преведувачи - професионалци да разменуваат мислења, искуства, да се консултираат за јазични загатки со кои, во нашата работа секојдневно се соочуваме.

Драги колеги,

Немав намера да пишувам на форумот бидејќи апсолутно се согласувам со мислењето на Шерефедин и Билјана, а и веќе го изнесов своето мислење во едно од кудоз прашањата - http://www.proz.com/kudoz/2340379
Меѓутоа, не можам, а да не реагирам откако видов дека ценетите колеги преведувачи продолжуваат со одговарање на прашањата и тоа е апсолутно право на секоја индивидуа, може да одговараат колку сакаат, никој на никого не може да му забрани и колку што се сеќавам никој на никого ниту пак забрани, но во никој случај нема да дозволам некој да поставува атрибути за наше, цитирам, „безвезе понашање“ (мислам дека секој професионалец вака нема ниту да се изрази), но еве во случајов, мислењата на Емилија, Габриела и Драги се така оценети (во горенаведениот линк).
Нема да си дозволам да го коментирам ова бидејќи ми е под чест, но би сакала да Ве запрашам сите вас ценети преведувачи со кои доста добро комуницирам и соработувам, до кога ќе дозволуваме да правиме кал од оваа професија? До кога ќе дозволуваме да имаме цени за превод во Македонија, па и надвор, за 100, 200 денари, или за 0.02, 0.03 или 0.04 еур/збор?
Колегата Шерефедин добро напиша - Кудоз прашањата имаат за цел преведувачи - професионалци да разменуваат мислења, значи преведувачи професионалци, погледнете што се случува кога станува збор за лош превод, „Четириесет и седум Германци се жртви на лекарска грешка во една берлинска клиника поради лош превод на инструкциите за употреба на протези за колено, објави весникот „Тагесшпигел“ - http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=336&ArticleID=13873
Дали не треба да се размислува од овој аспект? Дали мислите дека е оправдана нашата реакција? Јас сум убедена дека е, а сигурна сум дека со мене ќе се сложат и колегите преведувачи - професионалци. А, да, за крај, ќе заборавев, еве еден интересен линк на преведувачи професионалци каде што можете да прочитате - Nasiot sajt nudi intelektualni uslugi po slednive ceni:
1. prvod (овде претпоставувам треба да стои превод) od angliski na makedonski 100 denari strana - http://sashoy.tripod.com/id29.html

Со почит кон сите колеги преведувачи, поздрав
Габриела

[Уредено на 2008-01-08 20:25]


Direct link Reply with quote
 

Emilija Ivanovska  Identity Verified
United States
Local time: 05:48
Member (2005)
English to Macedonian
+ ...
Кудоз Jan 8, 2008

Целосно ги поддржувам колегите. Не може Кудоз прашањето „во зависност од типот на возилото“ да биде означено како PRO (ако воопшто би можело да се постави такво прашање на Кудоз). Кудоз е тука за да ни помогне во решавање јазични проблеми кои навистина се тешки, а не да го црпиме знаењето (и времето) на другите затоа што не’ мрзи да отвориме речник. Ние сме тука за помош, ДА, но не да бидеме искористени.

Во однос на нашето „безвезе понашање“ (види http://www.proz.com/kudoz/2340379)... не сметам дека се однесуваме „безвезе“, туку напротив професионално и етички.

Исто така, не мислите дека треба да избереме модератор за Кудоз? Не знам како одат овие работи на Проз, така да ако некој колега знае, слободно нека даде предлог.

Поздрав,

Емилија

[Edited at 2008-01-08 21:02]


Direct link Reply with quote
 
Post removed: This post was hidden by a moderator or staff member for the following reason: Removed upon request of the poster.


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Čkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Прашања и прашања

Advanced search






SDL MultiTerm 2017
Guarantee a unified, consistent and high-quality translation with terminology software by the industry leaders.

SDL MultiTerm 2017 allows translators to create one central location to store and manage multilingual terminology, and with SDL MultiTerm Extract 2017 you can automatically create term lists from your existing documentation to save time.

More info »
SDL Trados Studio 2017 Freelance
The leading translation software used by over 250,000 translators.

SDL Trados Studio 2017 helps translators increase translation productivity whilst ensuring quality. Combining translation memory, terminology management and machine translation in one simple and easy-to-use environment.

More info »



All of ProZ.com
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs