Ти благодарам за помошта! Во мојот речник, а и под
www.makedonisch.info трајниот налог е преведен со Dauerauftrag, што мислам дека е посоодветен превод за поимот. Со тоа во Германија се мисли на налог од страна на должникот неговата банка на одредени термини (н.пр. месечно) да повлече пари од неговата сметка (н.пр. за кирија). Lastschrift е налог на жирантот неговата банка да повлече пари од сметката на должникот, значи налогот е даден од спротивната страна. Објаснувањето на двата начина на плаќање (Lastschrift и Auftrag) можеш да ги прочиташ под wikipedia.de. Тоа се два различни начина на плаќање и мислам дека не можат да се преведат со истиот поим. Јас посетив неколку интернет страни на банки во Македонија и не пронајдов таков начин на плаќање... Маја, уште еднаш ти благодарам за љубезно понудената помош и доколку некогаш наидеш на точниот превод, секако би сакал да дознам и јас за тоа. Срдечен поздрав!