Seminar on EN 15038 and LICS Certification scheme in Skopje, Macedonia
Thread poster: Biljana Vasileva Bojcev

Biljana Vasileva Bojcev  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 00:05
English to Macedonian
+ ...
May 22, 2009

Почитувани колеги и колешки,

Би сакала да Ве поканам на првиот семинар за Европскиот стандард ЕН15038 во Македонија кој ќе се одржи на 1 јули 2009 година!

Некои од вас се веќе информирани, а за сите останати, кои заради големиот број на обврски можеби сè уште не се официјано известени и поканети, Ве молам посетете ја http://en15038-translatum.blogspot.com/

Таму ќе најдете повеќе информации за стандардот, местото на одржување на семинарот, агендата и многу друго.

Доколку имате прашања или Ви треба некоја дополнителна информација, Ви стоиме на располагање!

До скоро видување!

Транслатум


Dear colleagues,

I would like to invite you to the first seminar on the European standard EN 15038 in Macedonia, which will be held on July 1 2009!

Some of you have already been informed, and the rest of you, who have not been officially informed and invited yet because of the great number of obligations, please visit
http://en15038-translatum.blogspot.com/

There you can find more information on the standard, the venue, the agenda and many more.

Please do not hesitate to contact us in case you need any additional information!

Hope to see you soon,

Translatum


[Edited at 2009-05-22 16:35 GMT]


 

Marina Marinova
Switzerland
Local time: 00:05
English to Macedonian
+ ...
повратна информација од семинарот Jul 10, 2009

Здраво Билјана,

за жал не можев да дојдам на овој интересен семинар бидејќи патував накај Македонија, но многу сум заинтересирана за темата.

Ќе можеш ли да ги споделиш заклучоците од семинарот на форумов? До каде е нашата земја во имплементирањето на овој стандард? Која е улогата на преведувачите (ако ја има) во донесувањето на овој стандард во нашата земја? Всушност, мене ме интересира се' што е во врска со ова, па би ти била многу благодарна за некоја повратна информација.

Се надевам следниот пат ќе си позборуваме повеќе кога ќе се видиме, зашто на конференцијата тоа не беше можно.

Поздрав,

Марина


 

Biljana Vasileva Bojcev  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 00:05
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
Семинарот е одложен Jul 10, 2009

Јас се извинувам што оваа информација не ја објавив порано на овој форум, но еве можност да ве известам дека семинарот е одложен за наесен.

Се надевам дека сите оние што веќе го најавија своето присуство ќе се стрпат уште малку (истите веќе беа и лично известени за одлагањето на настанот), а исто така и останатите коишто беа заинтересирани но имаа други обврски, ќе бидат известени за точниот датум.

Значи, Марина и сите останати колеги, се гледаме наесен.

Поздрав,
Билјана


 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Čkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Seminar on EN 15038 and LICS Certification scheme in Skopje, Macedonia

Advanced search






SDL MultiTerm 2017
Guarantee a unified, consistent and high-quality translation with terminology software by the industry leaders.

SDL MultiTerm 2017 allows translators to create one central location to store and manage multilingual terminology, and with SDL MultiTerm Extract 2017 you can automatically create term lists from your existing documentation to save time.

More info »
Déjà Vu X3
Try it, Love it

Find out why Déjà Vu is today the most flexible, customizable and user-friendly tool on the market. See the brand new features in action: *Completely redesigned user interface *Live Preview *Inline spell checking *Inline

More info »



Forums
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs
  • Forums
  • Multiple search