Прашање поврзано со "My Wallet"
Thread poster: maja.freelan (X)

maja.freelan (X)
Local time: 00:35
German to Macedonian
+ ...
Jun 8, 2009

Здраво колеги,

од неодамна почнав да соработувам со една агенција за преведување за која што направив еден помал превод. Сумата која што треба да ми ја исплатат не е значително голема и затоа мислев да ми ја префрлат на ПроЗ во "My wallet".

Дали некој знае, дали е воопшто возможно на тој начин да се префрлат пари преку ПроЗ, кои што понатаму би се искористиле за наредното членство?

Поздрав,
Маја


 

maja.freelan (X)
Local time: 00:35
German to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
до кога вака... Jun 18, 2009

Добро стварно не ми се верува дека прашањево е поставено пред повеќе од една недела, 108 пати е прочитано а се уште никој не се ни потрудил да го одговори.

Истото го поставив на еден друг странски форум и ми беше одговорено за помалку од саат време. Епа ете и според тоа може да забележите и сами колку сме ние назад од странциве во секој поглед.

Македонска работа!!! Само да не се занимаваме со ништо најдобро ќе биде. Пари сами од небо да ни паѓаат и тогаш ќе бидеме најсреќни.

Немој да ме сфатите погрешно дека јас овде молам за некаква помош од било кого. Можам многу добро да се снајдам било каде во светов и во било кое време. Во овој прилог сакам само да ви укажам дека странците се многу подобри за работа од нас и во секое време ти излегуваат во пресрет за било што. Додека ние македонците сме многу завидлив и расипан народ и за тоа никогаш нема ни да не биде.

И не само овде туку и во било која македонска иституција недај боже да прашаш нешто. Одговорот може ќе го добиеш за една година, а можеби и никогаш. hahaha


 

Sandra Neshova Krajchev  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 00:35
English to Macedonian
+ ...
до кога? Jun 19, 2009

Здраво Маја,

Верувај ми, буквално секој ден го проверувам форумов за да дојдам до одговор на твоето прашање зашто и јас се интересирав за истото, но не сум го поставила токму поради плашењето дека никој нема да ми одговори. Токму сега сакав да го изразам моето разочарување за тоа како никој, особено од постарите и поискусните, не сака или нема време да напише два-три збора со цел да помогне на некој помлад и со помало искуство.

Почитувани останати колеги,
Верувам дека голем број од вас немаат време да се занимаваат со нашите „глупости“ зашто за вас можеби прашањето поврзано со my wallet е банално, но верувајте било каква информација поврзана со ова прашање ќе биде од голема помош не само за Маја, туку и за многу други преведувачи кои прв пат се среќаваат со ваков начин на работа.
Ако некој има било каква информација, нека пише.

Однапред ви благодариме.


 

Sherefedin MUSTAFA
Netherlands
Local time: 00:35
Member
English to Macedonian
+ ...
Обид да одговорам Jun 19, 2009

Здраво Маја и Сандра,

Благодарам што го поставивте ова интересно прашање на македонскиот форум и жал ми е што (зборувам во свое име) поради работни обврски надвор од земјата во која живеам и работам не сум бил во можност да реагирам порано.

Вашата реакција донекаде можам и да ја замислам иако не би рекол дека е сосема оправдана. Како и самите знаете на овој форум секој од нас учествува доброволно и никој не е должен да реагира на нечие прашање а камо ли некого да подучува или информира.

Напротив, секој од нас е слободен да се послужи со она што сам ќе најде, (информации, референции, прашања, искуства, реакции) кои другите колеги - професионални преведувачи доброволно и слободно ги нудат или делат со нас.

Што се однесува до вашето прашање, на кое и самите велите дека веќе сте добиле одговор на еден друг форум,
http://www.proz.com/forum/business_issues/137251-my_wallet.html можам само да ви го потврдам она што веќе е кажано, т.е. "My Wallet" е всушност средство со кое добивате преглед на набавките што ги вршите во рамките на ProZ.com и кои ги плаќате било со пари било со поени наречени browniz. Вие имате право да депонирате ваши пари во "My Wallet" но не можете преку него да им наплатувате на вашите клиенти за преводи или други услуги кои ги вршите.
Овие информации можете да ги најдете и тука: http://www.proz.com/faq/725#725

Се надевам дека донекаде ви одговорив на вашето прашање. Доколку ви е потребно некое подетално објаснување, слободно прашајте.

Сигурен сум дека ќе се најде некој кој ќе ви одговори доколку го знае одговорот и има време да одговори.

Поздрав,
Шерефедин



[Edited at 2009-06-19 20:21 GMT]


 

maja.freelan (X)
Local time: 00:35
German to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
Фала Сандра и Шерефедин Jun 20, 2009

Поентата ми беше дека прашањето беше прочитано толку многу пати, а никој не се најде да го одговори. Немам намера никого да окривувам или да набедувам дека мора да ми одговори, едноставно тоа го гледам како еден вид на колегијалност.
Едноставно морав да дојдам до оговорот најбрзо што можам и од претходно искуство на други форуми знам дека е најдобро да ги прашаш останатите членови зошто така можеш најбрзо да дојдеш до решението. Јас сум релативно нова на проз и се уште сум во фаза на учење, што и како функционира овде и затоа неможев брзо да го најдам одговорот.

Со овој проблем доста се сретнувам и на работа. Работам и со странци и со наши луѓе. Што и да им пратам на странциве, дали некој формулар или прашалник, го пополнуваат и го враќаат уште во истиот ден. На нашиве им треба најмалку еден месец за да пополнат еден обичен прашалник. За мене тоа е страшно и само укажува на фактот колку сме непрофесионални и неодговорни.
Многу години живеев во Германија и работите како функционираат таму и овде, едноставно не се споредуваат. И затоа го поставив прашањето до кога вака?

Фала ти Сандра за подршката и за разбирањето и двете сме во иста ситуација hahaha. Мене ова ми беше една мала лекција и од сега натаму ќе ги користам само странските форуми.

Шерефедин фала ти многу исто. Знам како е да живееш во странство и потполно те разбирам. Вториот линк што го наведе е доста корисен и може исто да се искористи и за други прашања кои што ми се нејасни.

Поздрав и имајте убав денicon_smile.gif


 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Čkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Прашање поврзано со "My Wallet"

Advanced search






WordFinder Unlimited
For clarity and excellence

WordFinder is the leading dictionary service that gives you the words you want anywhere, anytime. Access 260+ dictionaries from the world's leading dictionary publishers in virtually any device. Find the right word anywhere, anytime - online or offline.

More info »
Anycount & Translation Office 3000
Translation Office 3000

Translation Office 3000 is an advanced accounting tool for freelance translators and small agencies. TO3000 easily and seamlessly integrates with the business life of professional freelance translators.

More info »



Forums
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs
  • Forums
  • Multiple search