Известување за безбедност на податоци
Thread poster: Gabriela Nikolova

Gabriela Nikolova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 15:05
Member (2005)
English to Macedonian
+ ...
Aug 7, 2009

Почитувани колеги преведувачи,

Ве информираме дека е извршена злоупотреба на податоци од личните профили на одредени корисници на ProZ.com. Повеќе за настанатиот инцидент и начинот на злоупотреба можете да прочитате на следнава врска: http://www.proz.com/about/security За сите дополнителни прашања и информации во врска со Вашите профили, Ве молиме да поднесете барање за поддршка до персоналот на ProZ.com.


Подолу следи превод на известувањето.

Поздрав,
Габи



Известување за безбедноста на податоци

Констатирано е дека на почетокот на јуни натрапник се здобил со пристап до одредени податоци на корисниците на ProZ.com - вклучувајќи лични податоци.

Пробиени се следниве податоци:

* Име
* Адреса за е-пошта
* Поштенска адреса
* Број на телефон
* Податоци за пријавување (имајте на ум дека лозинките се заштитени со шифрирање)

Прекршувањето на безбедноста на податоци е забележана откако некои корисници на ProZ.com пријавија прием на несакани пораки од интернет-страницата outsourcingroom.com (или oroom.com). Други корисници пријавија дека откриле како нивните лични податоци се користени за отворање профил на таа интернет-страница без нивна дозвола и е покрената истрага за истото.

Од тогаш, персоналот на ProZ.com презема разни технички мерки со цел зголемување на безбедноста како и посебни мерки за отстранување на податоците што се неовластено објавени на Интернет.

ProZ.com серизно ја сфаќа својата должност да ги заштити Вашите лични податоци. Се извинувам поради оваа повреда и сите непријатности што истата ги има предизивикано. Ќе Ве информираме за сите дополнителни мерки што ќе бидат преземени со цел заштита на Вашите податоци и обезбедување подобра услуга.

Хенри
Оснивач на ProZ.com


Често поставувани прашања


КАКО МОЖЕЛО ДА СЕ СЛУЧИ ОВА?

Хакерите ја имаат искористено слабата точка во безбедносниот систем на ProZ.com. Во меѓувреме, проблемот е решен.

ДАЛИ СЕ ПРОБИЕНИ ПОДАТОЦИ ЗА КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ ИЛИ ДРУГИ ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ?

Не. ProZ.com всушност не прибира такви информации.

НА КОИ ПРОФИЛИ Е ПРИСТАПЕНО?

Профилите што постојат најмалку три години.

КАКО МОЖАМ ДА ЗНАМ ДАЛИ Е ПОСТОИ ПРОФИЛ СО МОИТЕ ПОДАТОЦИ НА OUTSOURCINGROOM.COM?

На интернет-страницата постои функција за пребарување. (Обидете се да пребарувате со внесување на Вашето презиме и корисничкото име што го имате на ProZ.com.) Исто така, може да поднесете и барање за поддршка овде: http://www.proz.com/support и да поставите прашања во врска со Вашиот личен профил.

ПРОБИЕНИ СЕ ШИФРИРАНИТЕ ЛОЗИНКИ. ДАЛИ ТОА ЗНАЧИ ДЕКА НЕКОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ НА PROZ.COM ВО МОЕ ИМЕ?

Мала е веројатноста дека тоа може да се случи затоа што лозинките се шифрирани и поради тоа не може да ги прочита човек. Но, практиката покажува дека е добро да се користат лозинки што се тешки за пробивање, како и повремена промена на Вашата лозинка: http://www.proz.com/new_password .

(Заради дополнителна безбедност, податоците за Вашиот профил може да ги проверите овде: http://www.proz.com/?sp=session_info)

ДАЛИ ОВОЈ ИНЦИДЕНТ Е ПОВРЗАН СО СЛИЧНИТЕ ВЕСТИ ЗА ПОРТАЛОТ ELANCE.COM?

Да. Неколку интернет-страници на сличен начин се погодени во исто време. (Некои корисници на ProZ.com со профил не постар од три години пријавија дека пронашле профили отворени на нивно име на интернет-страницата outsourcingroom.com и после истрагата е заклучено дека нивните податоци се добиени преку интернет-страницата Elance.)

ШТО PROZ.COM ПРЕЗЕМА ВО ВРСКА СО ОВА?

Од моментот кога веќе беше јасно дека настанал недозволив пристап на податоци на корисниците, овластениот персонал на ProZ.com даде најголем приоритет за решавање токму на овој инцидент. Преземени се следниве мерки:

* Се обидовме да го спречиме неовластеното користење на Вашите податоци од страна на оние кои ја водат интернет-страницата outsourcingroom.com или доколку тоа не успее, да ја отстраниме страницата. Напорите кои останатите интернет-страници ги вложија резултираа со привремено отстранување на страницата од Интернет, но таа беше преселена и повторно се појави на Интернет.
* Спроведена е проверка на сигурноста како и разни мерки за зголемување на сигурноста на страницата.
* Ќе ангажираме надворешна организација за следење и гаранција на сигурноста на ProZ.com.
* Барањата за лозинка се заострени.

ЗОШТО БЕШЕ ПОТРЕБНО ТОЛКУ ВРЕМЕ ЗА ДА СЕ ОБЈАВИ СООПШТЕНИЕ ЗА ОВА?

Веднаш штом се дозна, беше отворен форум и информацијата беше објавена во него, а откако повредата беше потврдена, истата беше објавена во истиот форум веднаш, два дана по започнувањето на истрагата. Што се однесува до дополнителните мерки, вклучувајќи го и испраќањето на известувањата, од безбедносни причини (како и во интерес на заштита на податоците на корисиците), препорачливо беше да се преземат одредени технички мерки пред да се привлече внимание по тоа прашање. Се согласуваме дека оштетените требаше да бидат известени многу порано, и жалиме што ни требаа две седмици за преземање на потребните мерки дури и со прекувремено работење на овластениот персонал вклучувајќи ги и викендите, за да ги спроведеме сите задачи. (Им се восхитуваме на Elance што презедоа слични мерки за многу пократок период). Решивме да се опремиме многу подобро за да може во иднина да одговориме брзо на вакви предизвици.

НЕКОИ ЛИЦА ИЗЈАВИЈА ДЕКА НИВНИТЕ ПОДАТОЦИ СЕ УСПЕШНО ОТСТРАНЕТИ ОД ПОРТАЛОТ OUTSOURCINGROOM.COM., ОТКАКО ДИРЕКТНО ГО ПОБАРАЛЕ ТОА. ДАЛИ ТРЕБА И ЈАС ДА ГО СТОРАМ ТОА?

Не можеме да Ве советуваме дали да им се обратите или не на одговорните на outsourcingroom.com.

ИМАМ ПРАШАЊЕ НА КОЕШТО ОВДЕ НЕ Е ОДГОВОРЕНО. КОМУ ДА СЕ ОБРАТАМ?

Вашите прашања можете да ги поставите со испраќање барање за поддршка на ProZ.com: http://www.proz.com/support . Тимот за поддршка Ви стои на располагање да Ви одговори на сите прашања поврзани со овој инцидент.

ЗОШТО НЕ СЕ ОТВОРИ ФОРУМ ЗА ДИСКУСИЈА ПО ПРАШАЊАТА?

Форумот што беше отворен по ова прашање содржеше некои погрешни спекулации што доведоа до непотребно алармирање и неугодности на одредени членови. Затоа се донесе одлука фактите во врска со овој инцидент да бидат објавени на една „службена“ страница; сите неодговорени прашања да бидат објавени овде, преку поддршката и да се врши ажурирање на страницата со цел да се обезбеди ефикасен и целосен одговор на сите прашања. Ќе Ви бидеме благодарни за соработката во врска со ова.

КАКО МОЖАМ ДА ЈА ПРОМЕНАМ ЛОЗИНКАТА?

Посетете ја: http://www.proz.com/?sp=new_password


 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Čkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Известување за безбедност на податоци

Advanced search






WordFinder Unlimited
For clarity and excellence

WordFinder is the leading dictionary service that gives you the words you want anywhere, anytime. Access 260+ dictionaries from the world's leading dictionary publishers in virtually any device. Find the right word anywhere, anytime - online or offline.

More info »
CafeTran Espresso
You've never met a CAT tool this clever!

Translate faster & easier, using a sophisticated CAT tool built by a translator / developer. Accept jobs from clients who use SDL Trados, MemoQ, Wordfast & major CAT tools. Download and start using CafeTran Espresso -- for free

More info »



Forums
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs
  • Forums
  • Multiple search