Неколку забелешки околу кудоз прашања
Thread poster: Sherefedin MUSTAFA

Sherefedin MUSTAFA
Netherlands
Local time: 01:05
Member
English to Macedonian
+ ...
Aug 12, 2009

Почитувани,

Би сакал да ви укажам на неколку основни правила кои се однесуваат на поставувањето на кудоз прашања и на начинот како на истите се одговара.

Секако знаете дека кудоз прашањата имаат двојна намена: поединечна и трајна.

Под поединечна намена се мисли кога ни е потребно мислење, сугестија и помош од другите колеги околу некој израз. Во тој случај поставуваме прашање, колегите предлагаат одговори и поставувачот на прашањето го бира одговорот кој што нему најмногу му одговара. Внимавајте: поставувачот на прашањето го бира одговорот водејќи се од своето лично убедување. Тоа значи дека во екстремен случај може да се случи некој од предложените одговори да добил и 5, 6 или повеќе "agree" од другите колеги, а поставувачот на прашањето сепак да одбере друг одговор. Тоа е негово право зашто само тој знае кој му е контекстот и зошто токму тој одговор најмногу му одговара и никому не е должен да му го образложи својот избор.

Често се случува некој од колегите да предложи некој одговор, поставувачот на прашањето да одбере друг одговор и одговарачот да ми се јави и побара од мене да го изменам изборот на поставувачот на прашањето со образложение „мене ми е направена неправда, мојот одговор е точен, добил толку "agree" и затоа јас ги заслужувам кудоз бодовите...„
Знајте дека секое слично барање добива негативен одговор.

Постои можност модераторот да го поништи изборот на поставувачот на кудоз прашање единствено на иницијатива и по барање на поставувачот на прашањето и по добиена согласност на одговарачот чиј одговор е одбран. Секој од нас може да греши, да притисне погрешно копче и да одбере погрешен одговор или да одбере одговор кој во моментот му изгледа најдобро решение а подоцна други колеги да предложат некој одговор кој што му се чини уште подобар.

Како постапуваме во тој случај:

Поставувачот на прашањето му се обраќа на одговарачот чиј одговор го одбрал, му ја објаснува ситуацијата и го моли да се сложи со поништувањето на изборот со цел да одбере посоодветен одговор.

Ако одговарачот се согласи (поаѓам од тоа дека секој од нас е доволно професионален во таков случај да се согласи со такво барање), поставувачот му се јавува на модераторот и го моли да се поништо неговиот првенствен избор. Модераторот пристапува кон поништувањето откако ќе добие потврда и согласност од одговарачот на првенствено одбраниот одговор. Ако се добие согласност од последниов, Кудоз прашањето се враќа во состојба пред да се одбере одговорот и поставувачот на прашањето одново го бира одговорот кој мисли дека најмногу му одговара.

Доколку одговарачот не се согласи со таква една измена модераторот не превзема никаква акција.

Трајната намена на кудоз прашањата се состои во нивното вклучување во заедничкиот речник составен од кудоз прашања и одговори од јазик А на јазик Б кој може да се консултира од сите корисници и дури се препорачува да се консултира пред да се постави прашање за да се види дали на тоа прашање веќе е даден некој одговор.

Со цел да се гради јасен и недвосмислен речник треба да се придржуваме кон неколку правила:
Поставуваме прашања кои содржат еден збор или еден израз. Не е дозволено да се поставуваат цели реченици или повеќе од еден израз по прашање.

Кога одговараме, во полето за одговор го внесуваме преводот на зборот или изразот на кој се однесува прашањето. Никако не се дозволува одговарање со: „види долу„, „мое мослење„, „ сугестија„, „предлог„ итн. и во полето за објаснување на одговорот да се дадат објаснувања.
Зошто? Бидејќи подоцна кога некој ќе бара превод за некој збор или израз како резултат на барањето ќе добие: „види долу„, „мое мослење„, „ сугестија„, „предлог„ а не преводот на изразот кој го бара.

Last but not least: Македонски - Кирилица

Во повеќе наврати сум се обидол да ви укажам на тоа дека македонски на ПроЗ се пишува со кирилица. Кудоз прашања или одговори во комбинација со македонскиот јазик треба да се пишуваат со кирилица. Доколку некому од вас му се потребни технички упатства како да пишува кирилица на ПроЗ може слободно да отвори тема на македонскиот форум за да ги добие потребните упатства.

Благодарам за вашето ценето внимание и време.

Шерефедин

[Edited at 2009-08-29 16:38 GMT]


Direct link Reply with quote
 

Kitanovska
Local time: 01:05
French to Macedonian
+ ...
Браво за кирилицата! Aug 14, 2009

Господине Шерефедин,
Одлична забелешка за кирилицата.Секој треба да го почитува другиот собеседник независно од тоа на кој јазик се остварува комуникацијата.Сепак,секој сериозен преведувач треба најмногу да си го сака и почитува сопствениот,мајчин јазик.
Поздрав,
Викторија


Direct link Reply with quote
 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Čkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Неколку забелешки околу кудоз прашања

Advanced search






Anycount & Translation Office 3000
Translation Office 3000

Translation Office 3000 is an advanced accounting tool for freelance translators and small agencies. TO3000 easily and seamlessly integrates with the business life of professional freelance translators.

More info »
SDL Trados Studio 2017 Freelance
The leading translation software used by over 250,000 translators.

SDL Trados Studio 2017 helps translators increase translation productivity whilst ensuring quality. Combining translation memory, terminology management and machine translation in one simple and easy-to-use environment.

More info »



Forums
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs
  • Forums
  • Multiple search