Латинска транскрипција на македонската кирилица
Thread poster: Irena Kacarski-Kimova

Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 11:58
Member (2006)
English to Macedonian
+ ...
Aug 13, 2009

Здраво на сите,

Сите сме се соочиле со проблеми при латинската транскрипција на македонски топоними и имиња, особено кога се работи за официјален документ. Министерството за внатрешни работи неколку пати го менуваше мислењето во последниве две децении и конечно мислам дека дојдоа до трајно решение, по повод биометричките пасоши.

Претставник на министерството за внатрешни ми ја даде следната листа за латинската трансцрипција на „проблематичните“ букви во нашата кирилица и јас сакам да ја споделам со вас во надеж дека ќе ви помогне:

ч = ch
ќ = kj
ѓ = gj
ш = sh
џ = dj
ц = c
ѕ = dz
ж = zh


Сега гледам дека на листата ми фалат Љ и Њ. Претпоставувам дека остануваат исти како претходно, односно LJ i NJ.

поздрав,

Ирена

[Edited at 2009-08-13 15:31 GMT]


 

Rodna Ruskovska  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 11:58
Member
Macedonian to English
+ ...
Браво! Aug 13, 2009

Фала многу - супер е!

Поздрав,
Родна


 

Sherefedin MUSTAFA
Netherlands
Local time: 11:58
Member
English to Macedonian
+ ...
Благодарам Aug 13, 2009

Благодарам Ирена, многу корисна информација.


Поздрав,
Шерефедин


 

Milena Čkripeska  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 11:58
Member (2009)
English to Macedonian
+ ...

Moderator of this forum
Фала многу, Ирена! Aug 13, 2009

Навистина корисна информација и се надевам дека ова решение на МВР ќе биде подолготрајно (иако не е во согласност со правилата од Правописот на македонскиот литературен јазик). Јас сум директно засегнатаicon_smile.gif, поради тоа што и моето презиме започнува со една од „проблематичните букви“. Дали ми се допаѓа или не како изгледа моето презиме во биометрискиот пасош (CHKRIPESKA) е друго прашање. Најважно е да имаме усогласен и општоприфатен систем.

Поздрав,
Милена Чкрипеска

[Edited at 2010-07-25 15:57 GMT]


 

Gabriela Nikolova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 11:58
Member (2005)
English to Macedonian
+ ...
Супер! Aug 13, 2009

Фала Ирена за споделување на информацијата!


Поздрав,
Габи


 

Sandra Neshova Krajchev  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 11:58
English to Macedonian
+ ...
Фала Aug 13, 2009

Големо благодарам до Ирена за корисната информација.
Со години се расправам со мојот дечко, сегашен сопруг, кој е македонист, како да ги напишеме нашите презимиња на латиница. Тој ги поддржуваше формите: Nesova, Krajcev зашто Ш на латиница личела на Ѕ, а Ч на С. Сега конечно имам еден убав доказ дека сум била во право кога сум се потпишувала Neshova Krajchev, иако повторно излегува проблем со читањето. Некој би можел овие презимиња да ги прошита Несхова и Крајцхев, доколку се придржува на правилото „Читај како што пишува“.
Сепак, конечно дојдовме до општо прифатено правило кое се надевам СИТЕ ќе го почитуваме. Листата со проблематичните букви споделете ја со СИТЕ наши колеги и колешки кои се занимаваат со превод за да не дојдеме до непријатна ситуација кога едни се придржуваат, а други не самошто ни приближно не ги почитуваат овие правила туку се обидуваат да измислат и некои нови кои не се ни близу до она што сите го применуваме.

Овде сакам да поставам уште едно прашање: Како ги преведувате македонските адреси?
На пример, јас живеам на ул. Благој Нечев бр. 43. Дали ул. го преведувате во st. (street) и бр. во number, или пак ги оставате така како што се.
Нашата ценета, сега веќе пензионирана, професорка Пеги Рид велеше дека улиците треба да се остават така како што се на македонски со ул. и бр. (ul. Blagoj Nechev br. 43) Не се преведуваат затоа што кога некој ќе ви испрати некоја пратка по пошта, постои голема веројатност поштарот да не знае ни малку англиски па да не знае што е тоа street и number и пратката воопшто да не стигне до целта. Лично, ова нејзино мислење целосно го поддржувам и досега секогаш сум се придржувала до ова правило. Но, еден мој работодавец koj има 5-6 години подолго искуство од мене, пред две години не сакаше да ми плати за преводот поради непреведената адреса. Ме нарече неписмена и не можеше да ми прости за сторената грешка. Како сум можела да не знам како да преведам улица и број. Па, јас посрамотена, ја поправив грешката.
Сега, навистина ме интересира кое е вашето мислење. Како вие се справувате со некои вакви примери кога знаете како е правилно, но поради она што го бара клиентот или вашиот работодавец морате некогаше да направите исклучок и да намерно да згрешите, а на тој превод стои ваше име и презиме со ваш печат од овластен судски преведувач.


 

Marina Marinova
Switzerland
Local time: 11:58
English to Macedonian
+ ...
Благодарам за споделувањето+моја практика Aug 13, 2009

Ирена,

ти благодарам за споделувањето на оваа многу корисна информација. Сега живеам надвор од Македонија и на некои луѓе многу им пречи оваа промена во нивните лични исправи. Како да изгубиле нешто од идентитетот - толку сериозно го сфаќаат. Јас ја прифаќам оваа промена како развој на јазикот т.е. правописот и се чудам каде се нашите соодветни институции и зошто не го преработиле важечкиот правопис. Тоа е голем минус.

Сандра, за твоето прашање околу преведувањето на адресите да ти кажам дека јас го следам тоа што нé учеше Пеги и во еден случај изгубив многу време и енергија да му го објаснам ова на еден клиент. На крајот сé заврши како што треба.

Поздрав, Марина


 

Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 11:58
Member (2006)
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
за адресите Aug 13, 2009

и јас, како и логиката, сум од таборот на Пеги. До сега (за среќа) не сум имала забелешка од клиент, но тоа секогаш е можност што постои.
Треба да ги образоваме клиентите за нашата работа и професија за да не прават бесмислени забелешки поплаки.

поздрав,

Ирена


 

Sandra Neshova Krajchev  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 11:58
English to Macedonian
+ ...
Благодарам Aug 13, 2009

Не се ни сомневав во поинакви одговори.
Ви благодарам.


 

Vlatko
Local time: 11:58
English to Macedonian
+ ...
I CAO DOC 9303 Aug 14, 2009

На ова како да му нема крај.
Јас го имам видено и следново, кое сеуште се наоѓа на една интернет страница како поука.
„Кириличните букви што ги нема во латиничната азбука се менуваат во латиница на следниов начин:
ѓ - dj
ж - zz
ѕ - zj
љ - lj
њ - nj
ќ - kj
ч - ch
џ - dz
ш -sh “.

Во законот за патни исправи, член 27, седница одржана на 8 октомври 2004 година, пречистен текст поставен на страницата на мвр, пишува...
Извадок: Податоците кои се внесуваат во патната исправа се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на основно латинско писмо (I CAO DOC 9303).

Ова би требало да значи исто што и следново:
Извадок од I CAO 9303
Machine readable travel documents.
Transliteration of cyrillic characters:
National character = Recomended transliteration
А = A
Б = B
В = V
Г = G (except Belorusian, Serbian, Macedonian = H)
Д = D
Ѓ = G
Е = E
Ж = ZH (except Serbian, Macedonian = Z)
З = Z
Ѕ = DZ
И = I
Ј = J
К = K
Л = L
Љ = LJ
М = M
Н = N
Њ = NJ
О = O
П = P
Р = R
С = S
Т = T
Ќ = K
У = U
Ф = F
Х = KH (except Serbian, Macedonian = H)
Ц = TS (except Serbian, Macedonian = C)
Ч = CH (except Serbian, Macedonian = C)
Џ = DZ
Ш = SH (except Serbian, Macedonian = S)

Како код за означување на Македонија е доделен = MKD

Доколку со воведувањето на биомертичките лични документи нешто е променето, тоа верувам дека би било само промената, те. замената на овие исклучоци кон целосна употреба според погоре опишаниот стандард.
Доколку некој има информации за најнови промени на законот или стандардот, би било одлично да не упати во вистинска насока.


 

Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 11:58
Member (2006)
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
за ICAO Aug 27, 2009

Случајно знам дека по нападот на кулите близначки па се до денес ICAO постојано ги дополнува стандардите што ги препорачува така да би рекла дека 2004 не е релевантна година. Веројатно информацијата е застарена.
Како и да е поради терористичките напади САД, Европа и ICAO ептен ги затегнаа правилата во врска со пасошите и заштитата на пасошите така што сигурна сум дека нашиве не би направиле ништо што не е 100 пати прочешлано од нив. Јас би ја зела транскрипцијата во нашите биометрички пасоши како валидна...

поздрав,

Ирена


 

Nina Sutareva
Macedonia (FYROM)
Local time: 11:58
Spanish to Macedonian
+ ...
transkripcija na albanski iminja Aug 30, 2010

Колеги,
благодарам многу за темава и информациите. Сега ново прашање до Вас, како се транскрибираат македонските имиња од албанско потекло или албанските имиња кои во оригиналниот документ мене ми се на кирилица. Пример „Џевземи“ . Мислам дека е Xhevzemi. Но има уште многу други примери каде Ќ е Q и слично.

Многупати до сега сум дошла во конфронтација со клиентот, каде се убедуваме и се натегаме, а имало и ситуации каде грешно напишаното име на судски превод потоа повлекува правни проблеми кога тоа лице ќе мора да покаже пасош пред странска институција и таму името му е различно од преводот. Нормално клиентот одбил да ми го даде пасошот на увид за време на преводот и инсистирал да биде по негово.

Оттаму ми се појави потребата да поседувам некаков официјален документ-правилник (бидејќи правописот не е ажуриран) кој ќе може да му го покажам на клиентот и да му кажам дека овие работи не се производ на мојата фантазија и дека порано или подоцна ќе се соочи со проблеми ако името на преводот на изводот од матично на пример, не му е како во пасошот.

Има ли некој од вас таков документ и каде може тој да се набави? Сигурна сум дека постои бидејќи МВР мора да ги изготвува пасошите според некаков правилник. Се обидов да го добијам од нив, но сега за сега без успех.

Би благодарам за секоја помош

Нина


 

Aleksandar Risteski
Local time: 11:58
Polish to Macedonian
+ ...
Мои искуства Sep 7, 2010

Здраво,



Што се однесува до транскрипцијата на албанските букви, а и општо кога треба да преведам некој документ од македонски на полски; задолжително барам од клиентот да ми достави копија од пасошот и името и презимето во превод на полски ги прилагодувам на латиничната верзија во пасошот. Значи ако човекот има стар пасош, тогаш Ч во преводот ќе биде Č, а ако има нов тогаш ќе биде CH. иако на пример ch на полски е еднакво на х, значи на полски и h и ch се читаат како х и нема никаква разлика при изговор, и значи Кирчо на пример запишан како Kircho секој во Полска ќе го прочита како Кирхо ........ И ете затоа не значи дека транскрипцијата која е целосно базирана на англискиот јазик и изговор секогаш и секаде е е добро решение, мое лично мислење е дека во Грција и во Бугарија е подобро решено тоа, бидејќи таму се применува, поинаков принцип, изговорен - на пример: Стоичков, во бугарски пасош на латиница ќе гласи Stoitchkov. Значи ч = tch


А пак што се однесува за албанските имиња и презимања, нив во превод на полски ги оставам во оригинал на албански, на пример - Hashim Thaçi.


Мал проблем има кога клиентот во пасошот има две латинични верзии, а така е и со тие со албански имиња, ама и не само, ако некој на пример се декларира како припадник на српското малцинство, тогаш ќе има две латинични верзии, на пример: Павловиќ, Pavlovikj, Pavlović. И тогаш барам клиентот јасно да се декларира како сака да биде во преводот. А како што кажав за албанските имиња и презимања оставам како се на албански.



Е сега проблем може да имаат тие од вас колеги, кои преведувате на јазик кој не користи латиница, туку кирилица, како руски, бугарски, или друга вид на азбука.


 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Čkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Латинска транскрипција на македонската кирилица

Advanced search






Anycount & Translation Office 3000
Translation Office 3000

Translation Office 3000 is an advanced accounting tool for freelance translators and small agencies. TO3000 easily and seamlessly integrates with the business life of professional freelance translators.

More info »
SDL Trados Studio 2019 Freelance
The leading translation software used by over 250,000 translators.

SDL Trados Studio 2019 has evolved to bring translators a brand new experience. Designed with user experience at its core, Studio 2019 transforms how new users get up and running and helps experienced users make the most of the powerful features.

More info »



Forums
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs
  • Forums
  • Multiple search