Наплата на преведувачки услуги од домашна / странска агенција
Thread poster: zoranr

zoranr

Local time: 14:33
English to Macedonian
Nov 8, 2010

Поздрав до сите членови на форумов,

Како Ваш нов колега и тотален почетник во врска со бизнисот на преведување, имам прашања кои се однесуваат околу наплатата на моите услуги кон други лица/агенции.

Имено, при контакти со неколку странски агенции, тие ме прашуваат дали издавам фактури. За преводот ќе ми биде издаден Purchase Order, но од мене очекуваат да им пратам фактура за да ми извршат уплата во банка.

Моите познавања од водење бизнис се скромни. Немам регистрирано никаква фирма, и засега работам како freelance преведувач, па би Ве замолил да ми помогнете со Ваш совет околу следниве прашања:

1. Како Вие ги наплатувате вашите услуги кон странски / домашни клиенти?
2. Дали праќате фактури?
3. Дали како приватно лице/freelancer преведувач смеам да испратам фактура?
4. Ако не смеам да издадам фактура, кои други опции за наплата ми стојат на располагање?
5. Дали авторските агенции се решение за проблемов и дали ми ги препорачувате?
6. Дали авторксите агенции го покриваат прашањето на плаќање данок, и дали потоа треба нешто да пријавувам/пополнувам во УЈП или не?

Секој совет од оваа проблематика навистина ми е добредојден.

Ви благодарам однапред за Вашето време за одговор и на вашите одговори.

Голем поздрав,

Зоран


 

Sherefedin MUSTAFA
Netherlands
Local time: 14:33
Member
English to Macedonian
+ ...
Фактура - задолжително Nov 8, 2010

Здраво Зоран,

Секоја агенција која издава налог за вршење на одредена услуга, во нашиот случај, превод, очекува фактура од лицето или агенцијата која ја нуди и врши услугата.

Фактурата за странскиот налогодавач/клиент е документ врз основа на кој тој плаќа за услугата, а служи и за даночните власти на земјата во која налогодавачот/клиентиот е регистриран.

За да можам од мојата преведувачка агенција, регистрирана во Холандија, некому да му платам за еден превод или друга услуга, морам најпрвин да добијам фактура од тоа лице. Фактурата, во секој случај треба да ги содржи следните елементи:

- име и презиме
- адреса, телефонски број итн.
- датум, место
- опис на услугата, број на проектот или работниот налог, т.н. PO [Purchase order]
- даночен број (на вршителот на услугата, ако има таков)
- Име на банката, број на сметката, по можност IBAN i BIC/SWIFT број, или ако сте се договориле да ви се плати преку PayPal или Moneybookers, ја наведувате емајл адресата со која сте регистрирани кај нивч
- (по можност) потпис

Ова е она што секој странски налогодавач очекува да добие по звршената работа.

Што се однесува до даночнмите обврски на самостојните преведувачи во РМ, мислам дека за тоа подобро ќе ве информираат нашите колеги кои живеат и работат во Македонија.

Поздрав,
Шерефедин


 

zoranr

Local time: 14:33
English to Macedonian
TOPIC STARTER
Ми треба повеќе информации за наплатата и фактурата од Nov 9, 2010

Здраво Шерефедин,

Ви благодарам на Вашиот исцрпен одговор. Нештата кои ми ги напишавте се многу детални и ја даваат информацијата и сликата од страната на агенцијата.

Она што многу повеќе ме интересира е како тече процесот на наплата од страната на преведувачот. Што треба еден freelance преведувач од Македонија (и во Македонија) да направи откако ќе добие PO, ќе ја испорача договорената работа и ќе треба да си го наплати трудот.

Сите агенции со кои контактирав бараат од мене да им издадам фактура. Тоа не е проблем, хартијата трпи сеicon_smile.gif, и јас ќе им пратам фактура. Моментите кои се нејасни се наведени во мојот прв меил и не би ги повторувал овдека.

Се надевам дека некој од оваа заедница на преведувачи ќе ми одговори и ќе ми помогне да го дефинирам до крај процесот на наплата на извршената услуга.

Прашање директно и до Вас. Дали Вие сте соработувале со македонски преведувачи и дали сте добивале од нив фактури? Дали тие фактури биле директно од нив (во приватно својство) за уплата на нивна приватна банковна сметка, или пак можеби сте добивале фактури за исплата од авторски агенции во име на вашите соработници?

Ги повикувам и другите членови на овој форум да се вклучат во дискусијава и да ми помогнат во разјаснувањето на оваа проблематика.

Уште еднаш однапред Ви благодарам за Вашето време и одговорите на моите прашања.

Поздрав,

Зоран


 

Gabriela Nikolova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 14:33
Member (2005)
English to Macedonian
+ ...
Некои одговори Nov 9, 2010

Здраво Зоран,

Најпрвин, срдечно добредојде на македонскиот форум на преведувачи. Се надевам дека преку нашиов форум ќе се здобиеш со сите потребни информации кои ти се потребни како почетник.

Што се однесува до твоите прашања, како што потенцирал и колегата Шерефедин, фактура е задолжителна кон странските агенции, врз основа на која тие би можеле да извршат уплата на твоја сметка.

Она што јас можам да ти го кажам, од сопствено искуство, е дека имам регистрирано фирма и сите фактури и наплати ги извршувам преку истата.


3. Дали како приватно лице/freelancer преведувач смеам да испратам фактура?

Кога издаваш фактура како физичко лице, ќе добиеш известување од банка за пристигнат прилив, при што, од банката ќе ти приложат извесна изјава каде потпишуваш дека пристигнатиот прилив е по основ на преведувачки услуги, и на истата сума, нормално, доколку сакаш мирно да спиеш, ќе си платиш данок.

4. Ако не смеам да издадам фактура, кои други опции за наплата ми стојат на располагање?

Прилив може да добиваш и преку Moneybookers (www.moneybookers.com), нормално, пак е потребна фактура

5. Дали авторските агенции се решение за проблемов и дали ми ги препорачувате?

Мислам дека се, и тие го покриваат и прашањето на плаќање данок, можеби и изготвувањето фактури, со тоа што си наплаќаат своја провизија за извршената услуга, меѓутоа лично никогаш не сум работела преку авторски агенции, така да, тоа прашање ќе го оставам на други колеги, или ќе контактираш некоја агенција и ќе ти објаснат.


Се надевам, успеав на некој начин да ти помогнам, слободно изрази ги своите прашања на форумов каде што верувам дека колегите преведувачи ќе споделат свои мислења и искуства.

Би сакала исто така да ти спомнам дека одвреме навреме се организираат и средби на преведувачи, каде се дискутира за прашања и проблеми од нашето работење. Наредната средба на преведувачи е во Кочани, на 20.11., а потоа во Велес, на 18.12.2010

Поздрав,
Габи


 

Sherefedin MUSTAFA
Netherlands
Local time: 14:33
Member
English to Macedonian
+ ...
Неколку одговори Nov 9, 2010

Здраво Зоран,

Благодарам за вашата реакција и ќе се обидам да ви одговорам на прашањата кои ги упативте до мене.
zoranr wrote:

Прашање директно и до Вас.
[1] Дали Вие сте соработувале со македонски преведувачи и
[2]дали сте добивале од нив фактури?
[3] Дали тие фактури биле директно од нив (во приватно својство) за уплата на нивна приватна банковна сметка,
[4]или пак можеби сте добивале фактури за исплата од авторски агенции во име на вашите соработници?


1. Да, редовно соработувам со колеги преведувачи и толкувачи кои живеат и работат во Македонија.
2. Секако. Без да добијам фактура од нив не можам да им исплатам за извршената услуга, зашто нивните фактури ми служат како доказ пред холандската даночна управа дека тие услуги сум ги добил и исплатил (за мене тие се сметаат како расход, што значи дека на крајот на годината ги одбивам како трошоци, за да платам помалку данок).icon_wink.gif
3. Тие кои имаат регистрирана фирма ми праќаат фактура во име на фирмата, а други, кои немаат регистрирана фирма ми праќаат фактура на лично име.
(Само да објаснам една работа: за мене како клиент воопшто не е битно каква фактура ќе добијам, како и самите велите, хартијата трпи се. За мене е доволно фактурата да ги содржи податоците кои ги наведов во мојата прва реакција).
4. Никогаш. Поимот „авторска агенција„ ми звучи дури и архаично и не знам зошто некој воопшто би наплатил за некаква услуга преку авторска агенција. Исправете ме ако грешам, но мислам дека таквата пракса е минато време, нели?icon_smile.gif

Поздрав,
ШМ

[Edited at 2010-11-09 19:55 GMT]


 

zoranr

Local time: 14:33
English to Macedonian
TOPIC STARTER
Малку сум збунет Nov 10, 2010

Здраво Габи,

Најпрвин, срдечно добредојде на македонскиот форум на преведувачи.

Благодарам, Габи. Подобро Ве најдов.icon_smile.gif

Ви благодарам на Вашите одговори во врска со моите прашања. Многу внимателно читам се што има по форумов, и ги впивам сите Ваши искуства, па полека, полека, ми се разјаснуваат некои нешта.

Сепак, малку сум збунет од она што успеав да го прочитам во некои Ваши претходни дискусии (од ноември 2007) и она што сега го дискутирам во оваа дискусија. Во таа претходна дискусија, велите:

„Во Македонија фактура може да биде издадена само од правен субјект, физичко лице како поединец не може да издаде фактура, значи тоа мора на некој начин да биде регистрирано како некој вид правен субјект, ...“

Во одговорот кон мене, го велите следното:

„3. Дали како приватно лице/freelancer преведувач смеам да испратам фактура?

Кога издаваш фактура како физичко лице, ќе добиеш известување од банка за пристигнат прилив, при што, од банката ќе ти приложат извесна изјава каде потпишуваш дека пристигнатиот прилив е по основ на преведувачки услуги, и на истата сума, нормално, доколку сакаш мирно да спиеш, ќе си платиш данок.“

Малку ме подзамисливте и збунивте. Бидејќи сум тотален почетник, не знам дали во меѓувреме (од 2007 наваму) се смениле нештата и дали смеам или не смеам да издадам-испратам-создадам фактура како freelancer преведувач кој не е регистриран како никаков (правен) субјект во земјава (Македонија).

Едно дополнително (осигурувачкоicon_smile.gif ) објаснување во врска со ова добро би ми дошло.icon_smile.gif

Инаку банкарскиот дел ми е јасен (веќе се распрашав во банка), па сега останува само да расчистам со овој „проблем“ околу тоа дали смеам да им праќам на агенцијите фактура во приватно својство на мое приватно име.

Однапред Ви благодарам за дополнителните објаснувања во врска со ова, како и за Вашата љубезност да се вклучите во оваа дискусија.

Срдечен поздрав,

Зоран


 

zoranr

Local time: 14:33
English to Macedonian
TOPIC STARTER
Благодарам за одговорите Nov 10, 2010

Здраво Шерефедин,

Огромна благодарност до Вас за Вашите исцрпни и непосредни одговори. Навистина сте ми од голема помош.

Да Ви одговорам и јас на Вашето прашање за агенциите.

Во вашиот одговор до мене, велите:

„4. Никогаш. Поимот „авторска агенција„ ми звучи дури и архаично и не знам зошто некој воопшто би наплатил за некаква услуга преку авторска агенција. Исправете ме ако грешам, но мислам дека таквата пракса е минато време, нели?icon_smile.gif

За жал авторските агенции се живи и здрави, ги има уште и повеќе од порано, и
многу нешта кои се наплатуваат во Македонија како хонорарен труд за извршена услуга (мораат да) одат токму преку нив. Смешно е и тажно што живеат врз туѓ труд, ама за жал вистината е таа и нема никакви сигнали дека нешто ќе се промени во овој поглед во блиска иднина.

Ете и Вие нешто „ново“ дознавте од мене.icon_smile.gif

Срдечен поздрав,

Зоран


 

Gabriela Nikolova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 14:33
Member (2005)
English to Macedonian
+ ...
Дообјаснување Nov 10, 2010

Здраво Зоран,

Ме радува што некој се потрудил да чита по нашиве форуми и да вложи напор да научи работи кои го интересираат и се од основно значење.

Во врска со мојот пост од 2007 год., како и од вчерашниот, стојам одговорно зад двата. Да, како физичко лице во Македонија не може да се издаде фактура, значи, мора да сте некакво правно лице.

Да, како физичко лице самостоен преведувач, пратете фактура на агенција во странство icon_smile.gif.


Поздрав,
Габи


 

Sherefedin MUSTAFA
Netherlands
Local time: 14:33
Member
English to Macedonian
+ ...
Колку да не измешаме баби и жаби... Nov 10, 2010

Здраво Зоран,

Сосема сум убеден дека Габи одлично го познава македонското законодавство и неговата примена во нашата професионална дејност и дека нејзиното објаснување е меродавно. Во тоа сум убеден.

Би го закључил моето учество во дискусијава подвлекувајќи две работи кои треба да ги имаме во вид и разлиукуваме:

1. Во однос на странскиот клиент: не постои никакво ограничување на правото за издавање фактура. Статус на правно или физичко лице не менува ништо во таа смисла. За странски клијент сечија фактура може да се употреби како доказ.

2. Во однос на македонските даночни власти: се надевам дека и физички лица во РМ имаат право да се занимаваат со самостојна професионална дејност, на пример со преведување, под услов тоа што го заработуваат да можат да го документираат и на крајот на годината да поднесат даночна пријава. Така е впрочем регулирано во други земји и се надевам дека и во Македонија е така.

Поздрав,
ШМ

[Edited at 2010-11-10 19:47 GMT]


 

zoranr

Local time: 14:33
English to Macedonian
TOPIC STARTER
Благодарност и уште едно прашање Nov 11, 2010

Почитувани колеги,

Не можам да Ви опишам колку многу ми помогнавте со одговориве на моите прашања. Кога почнуваш нешто во животот имаш милион прашања и малку одговори. Читаш, учиш, но за жал не секогаш можеш да го прочиташ тоа што сакаш да го дознаеш.

Уште еднаш огромна благодарност за Вашето драгоцено време и Вашата несебичност да го споделите со мене Вашето знаење.

Габи, би Ве запрашал уште нешто, бидејќи мислам дека како упатена во нештата во Мекедонија би можеле да го знаете одговорот.

Имено се работи за следното. И покрај сите мои напори да дознаам што се како документација (евентуално) е потребно да поднесам до УЈП при пријавување на доход остварен како freelance преведувач, не успеав да дознаам ништо конкретно. Општите одговори од УЈП и од банка некако ми изгледаат крајно непрецизни кога е нашата професија во прашање.

Моето прашање би било следново:

Дали можеби знаете, кога ќе поднесувам пријава за Пероснален Данок реализиран исклучиво како резултат на моите преведувачки услуги кон други (странски) агенции или поединци, која се пропратна документација е потребна да се поднесе во прилог на даночната пријава.

- Дали треба да поднесам (побарам) некои (кои?) документи од агенциите/лицата за кои ги изработувам преводите на основа на самостоен преведувач?
- Дали (евентуалните) документите од агенциите/лицата кои што треба да се поднесат треба да се преведени/нотарирани?
- Дали се доволни како документација само изводите за извршена исплата од страна на агенциите на мојата приватна сметка во банка?
- Се што би можеле да ми го кажете во врска со потребната документацијата која треба да се поднесе до УЈП од страна на самостоен преведувач, а кое што не го знам или го превидувам во овие мои прашања?

И покрај мојата упорност, не успеав да најдам прецизен одговор на овие прашања кај ниту еден субјект кој го консултирав. Во вашиот претходен допис наведовте дека имате регистрирана фирма, па можеби Вие ќе може да ми помогнете со Вашите сознанија околу оваа проблематика.

Однапред Ви благодарам на добрината и љубезноста за одговор на овие мои прашања.

Голем поздрав,

Зоран


 

Gabriela Nikolova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 14:33
Member (2005)
English to Macedonian
+ ...
Одговори Nov 11, 2010

Сосема сум убеден дека Габи одлично го познава македонското законодавство и неговата примена во нашата професионална дејност и дека нејзиното објаснување е меродавно. Во тоа сум убеден.


Благодарам, Шерефедин.

И покрај мојата упорност, не успеав да најдам прецизен одговор на овие прашања кај ниту еден субјект кој го консултирав.


Зоран, не знам кој субјект си го консултирал, но ти верувам дека е тешко да се најде одговор на сите прашања кои те интересираат, а особено ако мислиш дека за многу кратко време сè ќе ти стане јасно во врска со нашава професија, која, чинам е најнезаштитена од сите останати. Верувам дека никој од нас не знае сè и сигурно преку ноќ нема да добиеш одговори на сите прашања, не само во врска со наплати и слични работи, туку и со многу други прашања.

Мојата наплата преку фирма нема никаква врска со наплата како физичко лице. Не знам што и како имаш прашувано во Управата за јавни приходи, но еве ти го линкот од управата во делот којшто можеби ќе ти помогне: http://www.ujp.gov.mk/mk/fizicki_lica

Поздрав,
Габи


 

zoranr

Local time: 14:33
English to Macedonian
TOPIC STARTER
Благодарам Nov 11, 2010

Здраво Габи,

Ти благодарам на одговорот и на линкот. Од УЈП имам прочитано СЕ, и 3 пати се имам консултирано со службеници таму.

Во право си дека има многу да се научи за нашава професија. За жал информациите кои треба да се достапни таму каде што треба (УЈП) ги нема или се целосно неконзистентни. 3 службеници, 3 консултации, 3 различни одговори. Еден вика не ти треба ништо освен банкарски извод, друг ти вика обавезно мора да се оди преку авторски агенции, трет не знае што треба...

Оставени сами да се снаоѓаме и да го трошиме интелектот и на овие нешта.

Но добро, тоа е нашата (македонска) реалност.

Ви благодарам Вам и на Шерефедин за исцрпните и детални одговори и за помошта, и Ви посакувам и на двојцата многу успех во животот и работата.

Со ова би ја заклучил оваа дискусија на оваа тема.

Срдечен поздрав,

Зоран


 

Riste Krstev
Local time: 14:33
English to Macedonian
+ ...
Zdravo na site !!! Jul 20, 2012

Mislam deka pod ovoj topic moeto prasanje bi bilo okicon_smile.gif. Jas sum preveduvac po angliski i germanski jazik od Strumica. Sakam da pocnam poseriozno da se zanimavam so preveduvanje pa kupiv kancelarija i sega namesto od doma prevodite gi rabotam od tamu, a isto taka i klienti mi doagaat direktno vo kancelarijata bidejki poleka se naucuuvaat kaj sum. Moeto prasanje e dali jas nekako treba da se prijavam vo UJP, dali treba da registriram firma ili da zemam nekakva dozvola od niv za rabota kako fizicko lice ili dali ve molam moze da mi pomognete i da me upatite bidejki ovde kaj nas vo UJP nikoj nema pojma za preveduvacite. Pozz

 

Aneta SG (X)
Macedonian to French
Vrshenje na samostojna dejnost Jul 23, 2012

Здраво зоран,
одлични прашања и одговори на серија важни прашања поврзани со професијата преведувач фриленсер.

затоа советувам да се види http://www.ujp.gov.mk/mk/fizicki_lica/category/119

Приходи од професионални и други интелектуални услуги - приходите од здравствена, ветеринана, адвокатска, нотарска, консултантска, ревизорска, инженерска, архитектонска, новинарска, спортска, културна и друга интелектуална дејност.

за услуга превод имаме право 30% ослободување од бруто добиената сума согласно
http://www.ujp.gov.mk/mk/fizicki_lica/category/323

еве го образецот за пријавување во случај на повремно, периодично вршење на дејноста http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/109


 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Čkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Наплата на преведувачки услуги од домашна / странска агенција

Advanced search






PerfectIt consistency checker
Faster Checking, Greater Accuracy

PerfectIt helps deliver error-free documents. It improves consistency, ensures quality and helps to enforce style guides. It’s a powerful tool for pro users, and comes with the assurance of a 30-day money back guarantee.

More info »
SDL MultiTerm 2019
Guarantee a unified, consistent and high-quality translation with terminology software by the industry leaders.

SDL MultiTerm 2019 allows translators to create one central location to store and manage multilingual terminology, and with SDL MultiTerm Extract 2019 you can automatically create term lists from your existing documentation to save time.

More info »



Forums
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs
  • Forums
  • Multiple search