International Translation Day 2017

Join ProZ.com/TV for a FREE event on September 26-27th celebrating International Translation Day! 50+ hours of content, Chat, Live Q&A & more. Join 1,000's of linguists from around the globe as ProZ.com/TV celebrates International Translation Day.

Click for Full Participation

Лекторите и нивната суетност
Thread poster: Aleksandar Risteski

Aleksandar Risteski
Local time: 12:31
Polish to Macedonian
+ ...
Dec 12, 2010

Почитувани колеги!



Сакам со вас да споделам едно мое искуство поврзано со проверка на преводи.

Сметам дека е смешно и неодговорно еден превод да биде проверуван од страна на лектор, целосно апстрахирајќи од оригиналниот (изворниот) текст.


Основно начело на преводите е:
преводот не смее да биде подобра верзија на оригиналот!

Не треба да се „предобрува“!

Поконкретно, моето искуство е поврзано со проверката на еден мој превод од полски на македонски јазик, од страна на извесна лекторка. Тргнувајќи од појдовната точка дека знае сè, ама баш сè, таа госпоѓа фразите како „подвижна телефонија“ и „подвижна телефонска мрежа“ и сличните на нив, едноставно ги сменила во: „мобилна телефонија“, „мобилна телефонска мрежа“, ...

Епа, не оди тоа така лесно! Всушност, се работеше за превод на одлука на еден орган на полската државна администрација. Во полскиот правен поредок терминот подвижна телефонија (или подвижна телефонска мрежа) е генерички поим и означува секаков вид на телефонија, која не налага користење на постојан кабел.
Значи мобилната телефонија е САМО ЕДЕН ВИД на подвижна телефонија, друг вид е сателитската телефонија.
Подвижна телефонија = мобилна телефонија, сателитска телефонија и др.

Значи, ако полскиот орган намерно го употребувал генеричкиот поим, тогаш за тоа постоела причина, а исто така во тој документ се споменува и мобилна телефонија на некои места, но ете во 99% од документот, поради некои причини, се користи генеричкиот (општиот) термин.

Преводот не треба само убаво да изгледа, туку и да ја изразува суштината на оригиналот. Преводот не е писмена работа по македонски јазик!

Сметам дека проверки на преводи од страна на лектори, кои воопшто не го погледнуваат оригиналот (зошто не го знаат странскиот јазик) се нонсенс. Без намера да навредам некого, ќе речам дека таквата пракса мора да престане, затоа што наместо професионализам се сведува на дилентатизам.
Во тој ист превод имаше различни стилови на нумерација, ама лекторката не погледнувајќи го оригиналот си менувала по свое! Освен тоа, некои глаголски конструкции ги сменила толку многу, што целосно се губи значењето и преведеното не кореспондира со оригиналот на полски. Госпоѓата очигледно не знае дека освен директен предмет, постои и индиректен, па затоа секаде го елиминирала предлогот „на“. Исто така и голем број именки ги заменила со синоними и со „синоними“. Пример за замена со „синоним“: госпоѓата лектор, именката супститути ја заменила со ЗАМЕНИЦИ ! Тоа само покажува дека лекторирала без воопшто да внимава на содржината и значењето на текстот, затоа што бесмислено е зборот заменик да се изедначи со супститут, тоа го нема во ниту еден речник! Именката заменик може да се употреби само и исклучиво за да означи човек, којшто заменува некој друг човек. И за ништо друго, едноставно супститут си е супститут, а заменик си е заменик ! Кажете ми, дали сте слушнале дека: Јавниот градски превоз е ЗАМЕНИК за користењето НА автомобилите ..... (sic!) Прекрасно звучи, нема што. Поезија!

Затоа господата лектори би требало понекогаш да ја тргнат настрана сопствената суета, да се консултираат со преведувачот и да прашаат зошто нешто е баш така напишано. Бидејќи тие не знаат сè, иако така мислат за себе.


Но дефинитивно, најголемата вина лежи во господата од преведувачките (и „псевдопреведувачките“) агенции, бироа и другите видови на посредници!
Уште кога човек ќе чуе од таквите дека во преводот имало ,,мал милион грешки, и граматички и терминолошки‘‘ и потоа кога ќе види какви всушност биле тие грешки – е тогаш едноставно снемува сили за било што.... А потоа уште да се чуе дека од овие грешки јас сум требало да научам нешто! Ха, ха, ха. Госпоѓи, научете дека така не се проверува превод! Нема шанси никогаш повеќе мое име да стои под таков „унаказен“ превод, па макар и не бил тоа судски превод!

Превод може да проверува, коригира и верификува само некој, којшто ги знае и двата јазика во јазичната комбинација, а не само резултатскиот (финалниот) јазик!




Поздрав до сите.


м-р Александар Ристески







[Zmieniono 2010-12-12 12:07 GMT]


Direct link Reply with quote
 

Aneta Risteska  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 12:31
Member (2011)
English to Macedonian
+ ...
Сосема се согласувам! Dec 12, 2010

И јас сум имала слични искуства, зашто долго време работам во издаваштво, па некои промени што ги правеле лекторите се во најмала рака, смешни.

Колку што сум запознаена, работа на лекторот е да го прочисти текстот од печатни грешки, интерпункциски знаци, немакедонски редослед на зборови, и сл., но не и да менува зборови (изрази) без да го види оригиналниот текст или без консултација со преведувачот.

Пријатен неделен ден,
Анета


Direct link Reply with quote
 

Sherefedin MUSTAFA
Netherlands
Local time: 12:31
Member
English to Macedonian
+ ...
Улога и место на лекторот Dec 12, 2010

Интересна дискусија во која, по мое мислење, не треба да се изгубат од вид и позитивните аспекти на лектурата и улогата на лекторите во целиот локализациски процес.

Конечно, се работи за квалитетот на „готовиот произвоид„ (преводот) и сите учесници кои се вклучени во процесот се еднакво важни под услов, се разбира, работата да ја вршат професионално и непристрасно.

Идеален превод не постои, тоа е позната вистина, покрај фактот дека преведувањето е субјективен процес. Дајте еден текст на десет разни преведувачи па ќе видите дали ќе добиете десет идентични преводи.

Ќе ви признам „во доверба„: За време на студиите бев во постојана потрага по можности како да го сокријам моето „незнаење„ и, како повеќето колеги, правев се што можев за да се уверат другите дека јас се знам... Со време и искуство открив дека тоа беше само илузија, а од моментиот кога сфатив дека не знам се, дека другите знаат многу работи кои и самиот би сакал да ги знам и дека само заедно можеме да знаеме повеќе, се отвори прекрасен свет во кој и ден денес со задоволство живеам и работам.

Едно прашање за Александар и Анета:
Дали ви се случило некогаш едно решение на лекторот да ви се допадне повеќе од вашето решение?

Пријатна неделна вечер на сите,
Шерефедин


Direct link Reply with quote
 

Svetlana Temelkovska
Macedonia (FYROM)
Local time: 12:31
English to Macedonian
+ ...
Улогата на лекторите во процесот на преведување Dec 13, 2010

Здраво Александар,

Се сложувам со фактот дека преводот не треба само убаво да изгледа, туку и да ја изразува суштината на оригиналот и дека преводот не е писмена работа по македонски јазик.

Едно е сигурно, лекторот не може и не треба да ги познава сите јазици. Лекторот треба да го познава, во овој случај, македонскиот јазик и да ги поправи грешките во духот на македонскиот јазик и македонската граматика.

Причината за грешката што настанала во твојот случај е всушност поради непостоењето на комуникација меѓу преведувачот и лекторот. Не знам дали во конкретниот случај сте се познавале со лекторот, односно дали сте имале меѓусебни контакти. Доколку би било така тогаш воопшто немало да дојде до вакво несогласување.

Да не заборавиме и дека постојат и еден тип преведувачи коишто воопшто не ги прифаќаат корекекциите на лекторите (овде зборувам за суетата на преведувачите).

Јас би рекла дека врската меѓу преведувачот и лекторот треба да биде многу цврста и да се инсистира на меѓусебен контакт (знам дека е понекогаш невозможно кога како посредник се јавува агенција или биро за преведување).

Во секој случај преведувачот и лекторот се двете најгглавни алки од процесот на преведување и меѓусебно треба да се поддржуваат.

Поздрав,
Светлана


Direct link Reply with quote
 

Sandra Neshova Krajchev  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 12:31
English to Macedonian
+ ...
Проблем и со писателите Dec 15, 2010

Здраво,

Проблемот со лекторирањето го имаат не само преведувачите туку и писателите. Пред да се издаде едно дело лекторот може да го поправи, но и да го уништи делото токму поради тоа што строго се држи кон правописните правила без да ја чита суштината на текстот. Се разбира дека лекторот, преведувачот и писателот треба да работат како тим но, не смееме да заборавиме и дека писателот е „мртов“ за преведувачот. Преведувачот не може да го консултира писателот за некоја мисла и да го прашува „што сакал писателот тука да каже?“ туку со својата книжевна поткованост, стручност и знаење потребно е сам да ги забележи кажаните или подобро некажаните мисли на писателот, да ги препознае и да ги преточи во јаикот-цел. Сметам дека истото треба да се случува и кај работата на лекторите. Тие не треба само механички да ги читаат и поправаат грешките. Не можат да работат како машини, без емоции, без чувства. За еден лектор да биде успешен потребно е вистински да ги чита текстовите. Да ги доживува. И да ги препознава сите очудувања кои не се по теркот на правописните правила, но токму и поради тоа се ставени во текстот. Таквите очудувања сакаат да пренесат некоја порака. Добриот лектор ќе знае да ги препознае намерните „грешки“ и ќе може да ги разликува од ненамерните вистински грешки. Само добриот лектор ќе знае што треба да се поправа, а што не смее да се чепка.
Успешниот лектор нема да дозволи писателот или преведувачот повторно да го препрочитува текстот и да го лекторира веќе „лекторираниот“ текст.

Поздрав


Direct link Reply with quote
 

Dragomir Kovacevic  Identity Verified
Italy
Local time: 12:31
Member
Italian to Serbian
+ ...
а зашто не... Dec 16, 2010

а зашто не понудити, колега, комплетну услугу и рећи унапред: превод је финалан, лекторизација није потребна, гарантујем за њега. то не значи да гарантујете/мо за њега тек тако напамет, него смо одистински ангажовали лектора или ревизора.

увек имате слободу да храбро коментаришете лекторски рад, а посебно кад сте уверени да је ваш превод како треба. наводећи да је превод добар, пружите лепо и доказе.

нисам уопште сигуран да наручилац превода једино верује само лектору, верује и нама као преводиоцима.
не мислим ни да је у питању сујета лектора у вашем примеру, него његова површност и незнање.

е па, где има лепше ситуације од те, где ви имате знање, па га после покажете у коментарима на лектуру!

како се може рећи да таква ситуација мора да престане? ко ће да је забрани?

лепо ви нудите и лекторизацију, тражите нешто већу цену, која обухвата и њу.

мислите ли да ми самостални преводиоци који живе и раде у иностранству, нудимо превод који још захтева и лекторизацију? то би било моје самоубиство као професионалца. од мене се тражи комплетна и гарантована услуга.

поз, драгомир ковачевић

Aleksandar Risteski wrote:

Почитувани колеги!



[Zmieniono 2010-12-12 12:07 GMT]


[Edited at 2010-12-16 14:19 GMT]

[Edited at 2010-12-16 14:21 GMT]


Direct link Reply with quote
 

Kitanovska
Local time: 12:31
French to Macedonian
+ ...
Согласување со сите колеги Dec 17, 2010

Моите последни преводи бараа „проверување“ дали мебел е навистина мебел...по малку смешно а и ако може да се каже дека е вистински доказ за незнаењето на лекторите а најмногу на нивната суетност.Не може да се каже и дека ние,преведувачите не сме суетни,напротив треба секој да биде свесен за своето „незнаење или ограниченост“ и чесно да признае или пак да побара помош.Во одговорот на Сандра го препознавам мислењето на проф.Драги Михајловски и веднаш да кажам дека во потполност се согласувам.Кога некому му е доверен текст за превод,значи дека веќе е„негов“,личен авторски труд,како тој го доживува или пак како го разбира.За жал,никој и покрај сите наши напори да го докажеме тоа досега не вродија со разбирање за тежината на нашата професија и труд којшто го вложуваме..би рекла дека се вложуваме себеси во каков и да е текст.Ако некој работи на преведување на текст од минато време,од друга култура треба да си го покаже знаењето и за културата а и за времето во коешто бил создаден текстот.Значи,целокупна поткованост и познавање на одреден период а не само на современоста и времето во кое живееме со сите негови брзи промени.Во текстот на Александар препознавам лутина,со полно право,но и Шерефедин е во право кога вели дека има делови во текстовите кои навистина се подобро напаравени од страна на лекторот а не од преведувачот.Како заклучок,отсуството на соработка,пред се на разбирање на тимот кој работи на еден текст,доведува до вистинско касапење на првичната,понекогаш и основната мисла-водителка на авторот а е наша задача за која што сме „платени“.Поздрав до сите колеги и убаво да си ги поминете празниците,во кругот на најблиските и најсаканите кои ни го олеснуваат тешкиот ни живот.

Direct link Reply with quote
 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Čkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Лекторите и нивната суетност

Advanced search






PDF Translation - the Easy Way
TransPDF converts your PDFs to XLIFF ready for professional translation.

TransPDF converts your PDFs to XLIFF ready for professional translation. It also puts your translations back into the PDF to make new PDFs. Quicker and more accurate than hand-editing PDF. Includes free use of Infix PDF Editor with your translated PDFs.

More info »
BaccS – Business Accounting Software
Modern desktop project management for freelance translators

BaccS makes it easy for translators to manage their projects, schedule tasks, create invoices, and view highly customizable reports. User-friendly, ProZ.com integration, community-driven development – a few reasons BaccS is trusted by translators!

More info »



Forums
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs
  • Forums
  • Multiple search