Наплата преку...?
Thread poster: Sandra Neshova Krajchev

Sandra Neshova Krajchev  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 03:56
English to Macedonian
+ ...
Jan 13, 2011

Здраво,

Ми треба помош колку што е можно побрзо.
Досега сум работела само за домашни компании и наплатувањето и данокот се реализирале без никакви проблеми.
Проблем се јави деновиве кога треба да наплатам од странска компанија. Се работи за мала сума на пари, но морам да се научам каков е процесот. Имам сметка во Комерцијална банка и тоа и Маестро и Виса картички и ги прашав дали можам да примам пари и како. Но, и тие не знаат точно да ми одговорат. Се регистрирав на Moneybookers, но во банка ми велат дека не е можно да се префрлат пари така.
Како што кажав, се работи за мала сума на пари, точно за да видам како функционира процесот. Ве молам, помагајте.
Кажете ми кои други опции ми стојат на располагање.

Поздрав,
Сандра


 

Gabriela Nikolova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 03:56
Member (2005)
English to Macedonian
+ ...
Moneybookers Jan 13, 2011

Здраво Сандра,

Кога се работи за мала сума на пари, каков и да постои начин, нема да ти се исплатат само банкарските трошоци. Она што јас би ти го предложила е или Western Union (нормално, под услов клиентот да си ги плати трошоците што произлегуваат од таа трансакција) или Moneybookers па доколку не ти требаат во моментот, да ги оставиш да ти стојат на сметка на Moneybookers. Кога ќе решиш да ги префрлиш од таму на сметка во наша банка, слободно стори го тоа без никаков проблем, банката ќе ги добие парите, а и ти icon_smile.gif

Поздрав,
Габи


 

Jasna Trandafilovska  Identity Verified
Greece
Local time: 04:56
Member (2010)
English to Macedonian
+ ...
Web-banking Jan 13, 2011

Каква е состојбата со овие услуги во МК?
Кога се предвидува да проработи PayPal во Македонија?

(малку off-topic со она што ја интересира Сандра, но сепак се работи за наплата)


 

Sandra Neshova Krajchev  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 03:56
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
Благодарам Jan 13, 2011

Габи, ти благодарам за одговорот.

Веќе ги известив дека сакам да ги добијам парите преку Moneybookers. А, бев и во банката и ми рекоа дека без проблем може да се префрлат на мојата сметка. Само не знам колку ќе биде провизијата и дали воопшто се исплати да ги префрлувам.

Јасна, имаше најавувања дека PayPal ќе проработи годинава, но точно кога немам информација. Можеби колегите кои имаат повеќе искуство со овие работи знаат нешто.

Поздрав,
Сандра

[Edited at 2011-01-14 07:40 GMT]


 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Čkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Наплата преку...?

Advanced search






CafeTran Espresso
You've never met a CAT tool this clever!

Translate faster & easier, using a sophisticated CAT tool built by a translator / developer. Accept jobs from clients who use SDL Trados, MemoQ, Wordfast & major CAT tools. Download and start using CafeTran Espresso -- for free

More info »
Protemos translation business management system
Create your account in minutes, and start working! 3-month trial for agencies, and free for freelancers!

The system lets you keep client/vendor database, with contacts and rates, manage projects and assign jobs to vendors, issue invoices, track payments, store and manage project files, generate business reports on turnover profit per client/manager etc.

More info »



Forums
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs
  • Forums
  • Multiple search