судски превод: лични имиња
Thread poster: JasminkaVT

JasminkaVT  Identity Verified
Local time: 23:35
Macedonian to English
+ ...
Feb 3, 2012

Почитувани колеги,

Некаде имам слушнато дека при судски превод на странските лични имиња тие треба да се напишат буква по буква на кирилица, на пример Thomas - Тхомас. Дали знаете дали ова правило е точно и единствено. Дали може презиме во кое има sh- пр. Fisher да се преведе со Фишер?

Sanja Gjurova
Australia
Local time: 07:35
Member (2011)
English to Macedonian
+ ...
Сл. весник 71/07 Feb 3, 2012

Во сл. весник 71/07, чл. 45
стои: „Преводот е чист и непрецртуван, а имињата се пренесуваат дословно од изворникот.“

Значи буквално како што е напишано, да се остави во оригинал.

Но, лично моја практика е секогаш да ги ставам двојно, транскрибирани и во оригинал, за да нема забуна.

Поздрав,
Сања

Jasmina Martinovska  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 23:35
German to Serbian
+ ...
Да не се правиме смешни на сила! Feb 3, 2012

Од самото тоа што преведуваме од некој јазик, а згора на тоа сме и овластени преведувачи, произлегува дека одлично го владееме јазикот на изворникот, од што пак произлегува дека знаеме како се чита одредено име, односно како би се напишало на македонски.
И јас го претресував сл. весник и токму тој дел не ми се допадна „имињата се пренесуваат дословно од изворникот“ . Едно што е смешно, а друго, не му пренесуваме ништо на читателот на преводот којшто не го владее јазикот на изворникот. Што му значи на читателот, на пример, МИЦХАЕЛ СЦХУМАЦХЕР???
Сметам дека тој дел од деловникот треба да се ревидира.
Лично, секогаш ги транскрибирам имињата, освен во адреса, нормално. Ми се допаѓа и практиката на Сања.
Ајде, „Здружение на преведувачи“! Чинам дека ова треба да биде ваша задачаicon_smile.gif

Поздрав,
Јасмина

Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 23:35
Member (2006)
English to Macedonian
+ ...
двојно Feb 6, 2012

И јас практикувам да ги пишувам двојно, како Сања, бидејќи така е и логично и корисно за читателот, но мислам дека при превод на исправа за идентификација како пасош /лична карта од странски јазик на македонски, мора да се почитува правилото „дословно од изворникот“ бидејќи исклучива намена на тој превод е идентификација.

Исто така, се согласувам и со Јасмина, ова е еден од многуте проблеми со кои треба да се зафати Здружението на преведувачи на РМ. За да може ЗПРМ да најде и да спроведе добро решение, потребни му се бројни членови/професионални преведувачи кои активно ќе го поддржуваат и ќе учествуваат во дефинирање на решенијата, па затоа еве уште една покана до сите да се зачлените, види http://www.proz.com/forum/macedonian/214238-Здружение_на_преведувачи_на_Република_Македонија_регистрирано.html

Поздрав, Ирена

Vlatko
Local time: 23:35
English to Macedonian
+ ...
Machine readable documents Feb 21, 2012

Потребата имињата и адресите да бидат „преведени“ на одреден начин не произлегува од правилата во нашиот или било кој друг јазик.
Едноствано, правилото произлегува од барањата на „Меѓународната организација за цивилно воздухопловство“ за унификација под „јазик“ познат како „Machine readable documents“ ICAO9303 кој што се применува и за сите биометрички документи за идентификација во интернационална употреба.

Angelina Trajkova  Identity Verified

Local time: 07:35
English to Macedonian
+ ...
Како на пример јас сум ЈХА, замислете само колку сите и Feb 19, 2013

Jasmina Martinovska wrote:

Од самото тоа што преведуваме од некој јазик, а згора на тоа сме и овластени преведувачи, произлегува дека одлично го владееме јазикот на изворникот, од што пак произлегува дека знаеме како се чита одредено име, односно како би се напишало на македонски.
И јас го претресував сл. весник и токму тој дел не ми се допадна „имињата се пренесуваат дословно од изворникот“ . Едно што е смешно, а друго, не му пренесуваме ништо на читателот на преводот којшто не го владее јазикот на изворникот. Што му значи на читателот, на пример, МИЦХАЕЛ СЦХУМАЦХЕР???
Сметам дека тој дел од деловникот треба да се ревидира.
Лично, секогаш ги транскрибирам имињата, освен во адреса, нормално. Ми се допаѓа и практиката на Сања.
Ајде, „Здружение на преведувачи“! Чинам дека ова треба да биде ваша задачаicon_smile.gif

Поздрав,
Јасмина

Boban Stevanovski
Local time: 23:35
German to Macedonian
+ ...
судски превод: лични имиња May 2, 2013

Angelina Trajkova wrote:

Точно. Напишете го името како што се изговорува, а потоа во заграда внесете го и оригиналното име. Инаку, како што е наведено во сл. весник, тоа е погрешно протолкувано. Сите ние доволно ги знаеме јазиците за да преведема како што треба.
Освен кај адресите, кои мора да бидат оригинални. Логиката е едностана: кога ќе је напишете адресата, на истата треба да може да стигне на пример пратка. Сигурно е дека адресата Eschersheimerlandstrasse нема да ја напишеме како Ешерсхајмерландштрасеicon_smile.gif
Но и така нема никој да ни замери, зашто кај нас не се дефинирани сите правила, како што е во германскиот јазик на пример.

ma_nau
Macedonia (FYROM)
Local time: 23:35
English to Macedonian
+ ...
Исто мислење... Aug 2, 2014

Иако сметам дека е добро да се преведе на двата начина, јас лично ги преведувам како што се читаат, посебно за познати имиња. До сега не се случило некој да реагира на таков превод. Се сложувам со колегите дека е смешно Чарлс, да го пишам Цхарлес и сл.

[Edited at 2014-08-02 20:01 GMT]

Sherefedin MUSTAFA
Netherlands
Local time: 23:35
Member
English to Macedonian
+ ...
Помош Mar 19, 2015

Ве молам, ако некој знае, за помош околу транскрипцијата на следниве имиња од латиница на кирилица, според правилата кои се на сила:

Türkcan

Șahan

Gülcan

Однапред благодарам за сета ваша помош и сугестии.

To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Čkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

судски превод: лични имиња

Advanced search

memoQ translator pro
Kilgray's memoQ is the world's fastest developing integrated localization & translation environment rendering you more productive and efficient.

With our advanced file filters, unlimited language and advanced file support, memoQ translator pro has been designed for translators and reviewers who work on their own, with other translators or in team-based translation projects.

More info »
Wordfast Pro
Translation Memory Software for Any Platform

Exclusive discount for ProZ.com users! Save over 13% when purchasing Wordfast Pro through ProZ.com. Wordfast is the world's #1 provider of platform-independent Translation Memory software. Consistently ranked the most user-friendly and highest value

More info »

Forums
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs
  • Forums
  • Multiple search