Прва меѓународна конференција на ЗПРМ 2013
Thread poster: Sonja Kitanovska

Sonja Kitanovska  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 04:44
Member (2008)
English to Macedonian
+ ...
Aug 2, 2013

Почитувани колеги,

Здружението на преведувачи на Република Македонија (ЗПРМ) ја организира својата прва меѓународна конференција за професионален развој на преведувачите во Република Македонија и пошироко во регионот. Конференцијата е еднодневна и ќе се одржи на 9 ноември 2013 година (сабота) во Сити Хол, Скопје.

Конференцијата претставува платформа за дискусија, учење и споделување искуства и идеи меѓу колеги професионалци. Таа нуди разновидни содржини: од тоа што подразбира работата за институциите на ЕУ и професионалните стандарди и сертификацијата, преку деловни практики, преговарање и продажба, до компјутерски преведувачки алатки. Овие прашања влијаат врз нашата професија секојдневно и се клучни за доходовен и исполнет професионален живот.

Првата меѓународна конференција на ЗПРМ 2013 има за цел да ги собере професионалците од преведувачката индустрија и да им обезбеди можност да се сретнат, да учат и да споделуваат идеи и искуства меѓусебно и со доброетаблираните домашни и меѓународни експерти од индустријата. Ова е единствена пригода за поврзување со колеги и кревање на сопствениот глас. Конференцијата е осмислена за секој оној кој вложува во постојан професионален развој и сака да ја подобри својата кариера. Паралелно со дискусиите врзани за работата, конференцијата исто така има за цел да обезбеди можности за дружење и забава.

Конференцијата е наменета за:
• членови на ЗПРМ
• професионални преведувачи и толкувачи
• студенти по преведување и толкување
• наставен кадар од областа на преведувањето и толкувањето
• секој кој има интерес за преведувачката индустрија и кој сака позитивно да влијае врз професијата.

Целосната програма, информации за говорниците и излагањата, и ценовникот за учество за рана регистрација може да ги најдете на http://mata.mk/conference/. Раната регистрација важи од 1 август до 15 октомври 2013 години. За регистрација по 15 октомври 2013 година цените се повисоки за околу 30%.

Пакетите со членарина вклучуваат учество на конференцијата, членарина за 2014 година и гратис членство до крајот на 2013 година.

Средствата може да се уплатат на следните сметки:

Денарска сметка

ЗПРМ - СКОПЈЕ
НЛБ Тутунска банка 210 – 066656240175
Цел на дознака: конференција 2013 (или конференција 2013 и членство)

Девизна сметка

ZPRM-Skopje
Bank name: NLB Tutunska Banka
Account number: 00-722-00003277
IBAN: MK07210722000032756
SWIFT: TUTUNMK22

Conference fee 2013 (or conference fee 2013 + membership fee)

Информации за конференцијата може да се најдат и на https://www.facebook.com/events/560889717286936/

Се надевам дека ќе ја збогатите конференцијата со своето учество и дека конференцијата ќе биде корисна за вашата професионална кариера.

Со почит,
Соња Китановска-Кимовска
координатор на работната група за конференцијата
Здружение на преведувачи на Република Македонија


Direct link Reply with quote
 

Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 04:44
Member (2006)
English to Macedonian
+ ...
следат повеќе информации Sep 23, 2013

За повеќе информации во врска со програмата, говорниците, изненадувањата, следете ја конференциската страница http://mata.mk/conference/mk/events/2013/ и профилот на ЗПРМ на ФБ https://www.facebook.com/events/560889717286936/ .

Со почит,
Организациски одбор за конференцијата
Здружение на преведувачи на РМ


Direct link Reply with quote
 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Čkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Прва меѓународна конференција на ЗПРМ 2013

Advanced search






Déjà Vu X3
Try it, Love it

Find out why Déjà Vu is today the most flexible, customizable and user-friendly tool on the market. See the brand new features in action: *Completely redesigned user interface *Live Preview *Inline spell checking *Inline

More info »
Anycount & Translation Office 3000
Translation Office 3000

Translation Office 3000 is an advanced accounting tool for freelance translators and small agencies. TO3000 easily and seamlessly integrates with the business life of professional freelance translators.

More info »



Forums
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs
  • Forums
  • Multiple search