Предлог-закон за судски преведувачи
Thread poster: Irena Kacarski-Kimova

Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 20:14
English to Macedonian
+ ...
Apr 8, 2014

Драги колеги,

Подготвен е ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА СУДСКИ ПРЕВЕДУВАЧИ, текстот на законот може да го видите на ЕНЕР во „предложени прописи“ (https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view&itemid=k02WWX1
... See more
Драги колеги,

Подготвен е ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА СУДСКИ ПРЕВЕДУВАЧИ, текстот на законот може да го видите на ЕНЕР во „предложени прописи“ (https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view&itemid=k02WWX1/w6PhX/maI2FSwA==&type=1).

ЗПРМ даде коментари за подобрување на текстот на предлог-законот и тие се однесуваат на: правилна примена на термините преведувач и толкувач; дефинирање на статусот на судскиот преведувач/толкувач како стручно лице; измени на испитот од кои најважната се однесува на вториот дел од испитот каде предлагаме вештината на преведување да не се тестира со препознавање туку ДА СЕ ТЕСТИРА СО ПРЕВЕДУВАЊЕ; кандидатот да може да се акредитира или за судски преведувач или за судски толкувач или за двете; да се воведат конкретни одредби за одредување на наградата и трошоците на судскиот преведувач/толкувач; да постои повикување на Кодексот (на ЗПРМ) за професионално и етичко однесување на преведувачите и уште неколку други забелешки.

Сите забелешки и коментари ќе ги објавиме на нашата веб-страница www.mata.mk, но во меѓувреме, ако сакате да ги видите во целина, пишете ни на [email protected] или на [email protected]

Со почит,
Ирена Кацарски-Ќимова
Претседател на ЗПРМ
Collapse


 

Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 20:14
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
Повик за активизам Jun 7, 2014

Драги колеги,

ако не сте го прочитале предлог-законот за судски преведувачи, направете го тоа.

Ако сметате дека нешто треба да се смени, прочитајте ги и предложените измени на предлог-законот (на www.mata.mk) што ги изработ
... See more
Драги колеги,

ако не сте го прочитале предлог-законот за судски преведувачи, направете го тоа.

Ако сметате дека нешто треба да се смени, прочитајте ги и предложените измени на предлог-законот (на www.mata.mk) што ги изработи ЗПРМ и ги поднесе до Министерството за правда.

Потоа реагирајте, овде, на друго место, со свои забелешки на ЕНЕР или до Министерството за правда, но реагирајте. Бидејќи сега-засега забелешките на ЗПРМ се игнорираат (има и втора берзија на предлог-законот), потребна е поширока реакција на стручната заедница (ние, преведувачите и обучувачите на преведувачи!). Имаме можност нешто да направиме сега, подоцна ЌЕ БИДЕ ДОЦНА.

Гледам претходниот информативен пост не предизика ниту еден коментар, па со овој апел сакам да ве информирам и да предизвикам реакција. Пишувајте, зборувајте, овде, на Прифатилште, на своите профили на ФБ, на блогови, по форуми, каде ќе стигнете. Ајде да кренеме прашина!

Образложението и предлог-измените на ЗПРМ ќе ги најдете на www.mata.mk . Под образложението има линк до предлог-законот со вградените предлози на ЗПРМ означени со масни букви.

Предлогот на Министерство за правда ќе го најдете на ЕНЕР https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view&itemid=k02WWX1/w6PhX/maI2FSwA==

Поздрав,
Ирена
Collapse


 

Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 20:14
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
Што не е во ред? Jun 15, 2014

Можеби нешто не е во ред со мене, па не капирам, но не можам да не се чудам зошто нема ниту една (каква било) реакција на оваа тема?

 

ma_nau
Macedonia (FYROM)
Local time: 20:14
English to Macedonian
+ ...
обемен документ за читање... Aug 2, 2014

Најверојатно причина зошто нема коментари е тоа што има малку повеќе текст за читање, а знаеме колку денес е тешко да се најде време.

Јас го разгледав почетокот, ќе читам и понатаму, но не се сложувам со она што беше спомнато во врска со можна промена во тестирањето за
... See more
Најверојатно причина зошто нема коментари е тоа што има малку повеќе текст за читање, а знаеме колку денес е тешко да се најде време.

Јас го разгледав почетокот, ќе читам и понатаму, но не се сложувам со она што беше спомнато во врска со можна промена во тестирањето за да се одвојат категориите на толкувач и преведувач (ако добро го разбрав она што е напишано). Во нашата работа често вршиме и толкување и преведување така да не би ми било логично еден кандидат да положи за толкувач, а да не помине како преведувач или обратно. Сметам дека преведувањето ни дава можност за потемелно истражување на одредени термини и со тоа ни го збогатува речникот кој го користиме како толкувачи.

Потполно се сложувам со она што го имате наведено за практичниот дел на испитот, за препознавање на текст „Преведувањето е вештина што се учи и се покажува само преку практична работа. Оттаму не е возможно да се оцени способноста на кандидатот да преведува по пат на препознавање на точниот превод“.

Засега толку, можеби ќе следат дополнителни коментари.
Collapse


 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Chkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Предлог-закон за судски преведувачи

Advanced search






Protemos translation business management system
Create your account in minutes, and start working! 3-month trial for agencies, and free for freelancers!

The system lets you keep client/vendor database, with contacts and rates, manage projects and assign jobs to vendors, issue invoices, track payments, store and manage project files, generate business reports on turnover profit per client/manager etc.

More info »
TM-Town
Manage your TMs and Terms ... and boost your translation business

Are you ready for something fresh in the industry? TM-Town is a unique new site for you -- the freelance translator -- to store, manage and share translation memories (TMs) and glossaries...and potentially meet new clients on the basis of your prior work.

More info »



Forums
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs
  • Forums
  • Multiple search