Вавилон 2015, второ издание на наградата за најдобар млад преведувач
Thread poster: Irena Kacarski-Kimova

Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 16:57
English to Macedonian
+ ...
Dec 19, 2014

КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР МЛАД ПРЕВЕДУВАЧ „ВАВИЛОН“

Делегацијата на Европската Унија, во соработка со Здружението на преведувачи ЗПРМ, со задоволство го објавува Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2015. Целта на Конкурсот за најдобар млад преведувач е да г
... See more
КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР МЛАД ПРЕВЕДУВАЧ „ВАВИЛОН“

Делегацијата на Европската Унија, во соработка со Здружението на преведувачи ЗПРМ, со задоволство го објавува Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2015. Целта на Конкурсот за најдобар млад преведувач е да ги поттикне и да ги поддржи младите преведувачи, како и да поттикне врвен квалитет при преведувањето литературни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјава.

Критериуми за учество:
• Пријавените текстови мора да бидат преводи на (извадоци од) литературни дела: роман, новела, расказ, или документарна проза.
• Пријавените текстови мора да бидат превод од кој било од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било јазик што се зборува во земјава.
• Пријавените текстови мора да бидат преводи од оригинални литературни дела објавени во која било од европските држави-членки на кој било од службените јазици на ЕУ во последниве 3 години што не биле во целост или делумно преведени на пријавениот јазик до крајниот рок за прием на пријавите.
• Пријавените текстови мора да бидат личен труд на преведувачот и не смее, во целост или делумно, да биле веќе објавени или прифатени за објавување, дури ни на Интернет или самостојно објавени, ниту, пак, пренесени на радио или на телевизија. Не смее ниту да биле пријавени на друг конкурс. Пријавените текстови може да бидат заеднички труд на колку било преведувачи.
• Кандидатите не треба да бидат постари од 26 години.
• Пријавените текстови мора да се испратат со шифра, која ја составил кандидатот и која се состои од пет знаци, а секој текст мора да оди со посебна пријава. Секоја пријава мора да содржи: а) мотивациско писмо, б) соодветно пополнета пријава, в) примерок од изворниот текст, г) примерок од преведениот текст и ѓ) потпишана изјава дека пријавениот текст е превод на изворниот текст од оригиналниот јазик.
• На изворниот текст мора да стојат насловот и името на авторот, со нумерирани страници. На него не смее да стои ништо што би укажало на идентитетот на преведувачот.
• Преводот мора да биде со фонтот Times New Roman, со големина на буквите 12, и со двоен проред. Преводот мора да биде долг од 5.000 – 7.000 зборови. Преводот мора да биде со нумерирани страници, да има наслов и на него не смее да стои ништо што би укажало на идентитетот на преведувачот.
• Преводите од различни јазици или различни жанрови се сметаат за посебни текстови. Еден кандидат може да испрати најмногу три текста.
• Кандидатите не се ограничуваат во однос на нивната националност, место на живеење или работна состојба. Организаторите, жиријата и нивните роднини немаат право на учество.
• Одлуката на жирито е конечна. Кандидатите нема да добијат повратна информација во врска со пријавените текстови.
• Пријавувањето на конкурсот значи прифаќање на сите услови.
• Преведувачот мора да биде граѓанин на Република Македонија.

Ќе бидат доделени награди за секој од јазиците на кои ќе пристигнат пријави.

Наградите ќе се состојат од: 500 евра парична награда, годишно членство во Здружението на преведувачи ЗПРМ и објавување на преводот, во целост или делумно, во списанието Културен живот.

Ќе има посебни жирија за секој од јазиците на кои ќе пристигнат пријави. Процесот на оценување вклучува две фази: во првата фаза, пријавите се оценуваат од двојазично жири, по што пријавите кои биле оценети со претходно утврден минимум на бодови, се оценуваат од еднојазично жири. Бодовите се сумираат од резултатите од двете жирија. Секое жири ќе се состои од искусни преведувачи на соодветните јазици, истакнати членови од академската заедница, и/или писатели.

Жирито го задржува правото да не додели награда.

Информативната сесија и практичната работилница за потенцијалните учесници и млади преведувачи ќе се одржат во ЕУ инфо центарот на 22 декември во 16 часот.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на Европскиот ден на јазиците 2015, 26 септември 2015 година.

КРАЕН РОК ЗА ПРИЕМ НА ПРИЈАВИТЕ: 2 април 2015 година

Кандидатите треба да испратат мотивациско писмо, пополнета пријава и фотокопија од личната карта на следнава електронска адреса: [email protected]

Конкурсот и пријавата можете да ги најдете на следниот линк:
http://mata.mk/делегацијата-на-европската-унија-го-о/


[Edited at 2014-12-19 10:52 GMT]
Collapse


 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Chkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Вавилон 2015, второ издание на наградата за најдобар млад преведувач

Advanced search






TM-Town
Manage your TMs and Terms ... and boost your translation business

Are you ready for something fresh in the industry? TM-Town is a unique new site for you -- the freelance translator -- to store, manage and share translation memories (TMs) and glossaries...and potentially meet new clients on the basis of your prior work.

More info »
SDL Trados Studio 2021 Freelance
The leading translation software used by over 270,000 translators.

SDL Trados Studio 2021 has evolved to bring translators a brand new experience. Designed with user experience at its core, Studio 2021 transforms how new users get up and running and helps experienced users make the most of the powerful features.

More info »



Forums
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs
  • Forums
  • Multiple search