PayPal: не можам да се регистрирам
Thread poster: Irena Kacarski-Kimova

Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 18:06
Member (2006)
English to Macedonian
+ ...
Mar 3, 2008

колеги,

дали некој од вас е регистриран на PayPal и како успеавте да се регистрирате? Во листата на земји не постои Македонија и не успевам да го пополнам формуларот за пријавување на сметка.

Работата е во тоа што еден хонорар ми е исплатен преку PayPal (избор на клиентот, сумата е мала) и сакам да го подигнам но не успевам да се регистрирам.

Исто така, не разбирам баш детално како функционира PayPal и би била многу благодарна ако некој ми објасни.

поздрав и благодарам на помошта,

Ирена


 

Gabriela Nikolova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 18:06
Member (2005)
English to Macedonian
+ ...
Не сум сигурна дека може Mar 3, 2008

Здраво Ирена,

Јас мислам дека Paypal во Македонија сеуште не функционира и не можеш да се регистрираш (се извинувам доколку грешам), но и јас порано имам пробувано и не можев да се регистрирам од истата причина што Македонија ја нема на списокот на земји за кои функционира Paypal. Од друга страна, не разбирам како клиентот ти префрлил пари доколку немаш отворено сметка на Paypal? Доколку е истата постапка, а мислам дека е како на Moneybookers, треба најпрвин да отвориш твоја сметка (односно ја даваш твојата е-пошта, така некако беше:). Можеш да отвориш сметка на Moneybookers со тоа што јас имам добиено средства таму, но сеуште ги немам подигнато од причина што бараат да им се прати документи за идентификација и мислам дека наскоро тоа ќе го решам, а знам и преведувачи кои без проблем добиваат пари преку Moneybookers.

Поздрав,
Габи


 

Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 18:06
Member (2006)
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
Благодарам Mar 3, 2008

Благодарам на одговорот Габи,

клиентот ја имаше мојата адреса бидејки се допишувавме и очигледно тоа било доволно иако јас немав отворено смека на PayPal. Идејата не беше мојаicon_smile.gif. Сумата е мала и би сакала да ја префрлам во My Wallet тука на Proz за да си ги искористам за членарината, ама не знам како да го изведам тоа.

Можеби некој друг ќе знае нешто повеќе.

Thanks again,

Ирена


 

Marina Marinova
Switzerland
Local time: 18:06
English to Macedonian
+ ...
PayPal во Македонија, Србија и Црна Гора Nov 17, 2010

За сите заинтересирани за PayPal во Македонија, прочитајте го следниот линк од денешен вечер:

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D1FB6559762F9641967C3FE15A29D7BF

Поздрав,

Марина


 

Marina Marinova
Switzerland
Local time: 18:06
English to Macedonian
+ ...
„Пеј пал“ конечно и за Македонија Sep 5, 2011

За сите колеги во Македонија еве добра вест за плаќањето - алтернатива на Moneybookers:

„Пеј пал“ конечно и за Македонија


Интернет-сервисот за онлајн-плаќање „Пеј пал“ од 24 септември годинава ќе ја стави Македонија на листата земји во кои може да се користи оваа алатка



Оваа новина е добредојдена за голем број наши граѓани, кои поради тоа што Македонија досега не беше на мапата на „Пеј пал“ беа принудени да наоѓаат најразлични начини да префрлат пари во странство или безбедно да купат некаков производ преку Интернет.

„Пеј пал“ е интернет-сервис што овозможува безбедно и лесно да се прават прекугранични трансакции. Имено, алатката овозможува плаќање преку кредитни картички и банкарски сметки без да мора да се откриваат информации за финансиите. Сервисот е основан во 1998 година и досега има над 153 милиони корисници.

Преземено од Нова Македонија, вторник, 6.9.2011

Поздрав,

Марина


 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Čkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

PayPal: не можам да се регистрирам

Advanced search






CafeTran Espresso
You've never met a CAT tool this clever!

Translate faster & easier, using a sophisticated CAT tool built by a translator / developer. Accept jobs from clients who use SDL Trados, MemoQ, Wordfast & major CAT tools. Download and start using CafeTran Espresso -- for free

More info »
WordFinder Unlimited
For clarity and excellence

WordFinder is the leading dictionary service that gives you the words you want anywhere, anytime. Access 260+ dictionaries from the world's leading dictionary publishers in virtually any device. Find the right word anywhere, anytime - online or offline.

More info »



Forums
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs
  • Forums
  • Multiple search